Подлабоки увиди, попрецизно следење и трајна удобност им помагаат на корисниците да ги претворат секојдневните податоци во практични насоки
Компанијата Samsung денес ги претстави целосно новите Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9, носејќи нова ера на здравје без напор, каде што корисниците можат да допрат до длабински, значајни здравствени сознанија, едноставно со носење на овие уреди. За да овозможи носење 24/7, “Samsung“ нуди моќни иновации кои ја максимизираат удобноста и ги унапредуваат перформансите со најголемата батерија и најсветлиот екран досега на Galaxy Watch, како и со Snapdragon Wear® Elite платформата. Служејќи како врвен пристап кон здравствена интелигенција управувана од вештачка интелигенција, оваа револуционерна премиум серија ги трансформира сложените биометриски податоци во персонализирани, практични насоки низ целиот спектар на здравјето на корисникот.
“’Samsung’ е посветен да им помага на луѓето да живеат подобро. Сакаме префрлувањето од реактивно лекување кон проактивна грижа да го направиме што е можно побеспрекорно. Со интегрирање на секојдневните уреди со нашиот глобален досег, градиме длабоко поврзано здравствено искуство”, изјави ТМ Рох (TM Roh), Главен извршен директор, претседател и раководител на Одделот за корисничко искуство со уреди (DX) во “Samsung Electronics“. “Новите Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9 претставуваат огромен чекор напред во здравствената визија на ’Samsung’. Со континуирано следење на здравствените податоци од зглобот, овие нови часовници делуваат како буден здравствен придружник, претворајќи ги секојдневните витални знаци во проактивни, применливи сознанија и обезбедувајќи навремени известувања.”

Galaxy Watch Ultra2: Подготвување на амбициите и овозможување врвни перформанси преку ненадминат хардвер и специјализирано спортско следење
Galaxy Watch Ultra2 е најмоќниот и најнапредниот Galaxy Watch часовник на “Samsung“ до сега. Создаден е за екстремни авантури на отворено и за љубители на високи перформанси кои бараат долготрајни перформанси, сигурна издржливост, прецизно следење и континуирано следење на здравјето во екстремни услови.
Посветените режими за следење на Galaxy Watch Ultra2 за спортови на отворено им помагаат на корисниците да се истакнат и безбедно да ги поместат своите граници. Функцијата Trail Run[3] ја следи деталната надморска височина, напредокот при искачување и влијанието на теренот, за корисниците да можат подобро да го темпираат темпото и да го намалат ризикот од повреди. Исто така, преку Nutrition Alert[4], нов додаток на постоечката функција Sweat Loss, обезбедува насоки за хидратација во реално време. Со проценка на загубата на пот во однос на телесната тежина, дава препораки кога и колку да се хидрира, помагајќи им на корисниците да ги постигнат своите цели во трчањето.
Galaxy Watch Ultra2 исто така поддржува и професионално нуркање. Со IP69K, 10 ATM и EN13319 сертификати[5], не е само отпорен на прашина и вода, туку е и подготвен за нуркање. Во моментот кога корисникот ќе влезе во водата, часовникот автоматски ги следи податоците за нуркање во реално време, како што се длабочина, време и температура на водата, директно од зглобот[6]. Покрај тоа, корисниците можат да пристапат до напредни функции за нуркање, вклучувајќи следење на брзина на искачување/спуштање и безбедни граници за нуркање, преку ексклузивната апликација за Ultra2 – Diving, која се очекува да биде достапна подоцна оваа година. Развиени во соработка со Mares[7], светски водечки бренд за опрема за нуркање, овие функции значително ги подобруваат можностите за нуркање на часовникот.

За да ги напојува овие спортски здравствени функции на професионално ниво, Galaxy Watch Ultra2 е изграден со невидени хардверски перформанси. Опремен е со огромна батерија од 800 mAh, зголемување на капацитетот од 35% во споредба со претходниот Ultra модел. Напојуван од Snapdragon Wear Elite платформата, тој поставува нов стандард во моќта, брзината и високо прецизното GPS следење за Ultra линијата. Проширениот екран го прави првиот паметен часовник во светот со осветленост од 5.000 нити[8], овозможувајќи кристално чиста видливост дури и на силно сонце.
Galaxy Watch Ultra2 го задржува своето титаниумско куќиште отпорно на удари за да обезбеди издржливост, а воедно нуди и зголемена удобност и стабилност за поширок и поразновиден круг на корисници. И покрај значително поголемата батерија, Galaxy Watch Ultra2 постигнува иновативен потенок[9] дизајн кој непречено се префрла од робусни активности на отворено и спортски активности кон секојдневна употреба. Напредното внатрешно редизајнирање значително ја намалува дебелината на уредот за 12% во споредба со претходната генерација. Во комбинација со полесни и помеки ремени кои ја намалуваат тежината, Galaxy Watch Ultra2 овозможува носење 24/7, многу прецизно следење на биометриски податоци и исклучителна удобност.

Galaxy Watch9: Секојдневна благосостојба со удобност во текот на целиот ден и долготрајна батерија
Galaxy Watch9 е врвен секојдневен здравствен придружник, дизајниран за корисници кои се свесни за своето благосостојба и сакаат да изградат поздрави навики преку лесно, континуирано следење на активноста и сонот. Овој разновиден часовник ги претвора личните био-маркери во практични здравствени сознанија, овозможувајќи им на корисниците лесно да ги управуваат своите дневни рутини само со неговото носење.
За да се максимизира неговата улога како здравствен придружник, Galaxy Watch9 е поддржан од моќен хардвер и неверојатно удобен дизајн. Има лесно, но издржливо алуминиумско куќиште кое ја зачувува препознатливата “перниче“ силуета на Galaxy Watch, усовршена специјално за поблиско, поприродно прилегање на зглобот. Во комбинација со широк спектар на заменливи ремени со мек допир, Galaxy Watch9 помага да се обезбеди неспоредлива удобност во текот на целиот ден, овозможувајќи континуирано носење 24/7 потребно за собирање точни и доследни здравствени податоци.

Оваа исклучителна носивост е овозможена од внатрешни иновации од следната генерација. Новата Snapdragon Wear Elite платформа му дава на Galaxy Watch9 огромен поттик во брзината и ефикасноста за непречено следење на здравјето без доцнење. Неговата ефикасна батерија од 390 mAh[10] овозможува сигурно, деноноќно следење, од ден до ноќ. Покрај тоа, брилијантниот екран од 3.000 нити овозможува лесно читање и кристално чиста видливост во секакви услови на осветлување, со што им се олеснува на корисниците да ја проверат својата здравствена состојба на прв поглед.
Здравје поттикнато од вештачка интелигенција: Сеопфатни и практични сознанија за здравјето
Во сржта на Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9 се наоѓаат здравствените функции на “Samsung“ управувани од вештачка интелигенција. BioActive сензорот на Galaxy Watch собира континуирани биометриски податоци за навиките во животниот стил на корисникот за да развие длабоко разбирање на неговото здравје. Потоа, Galaxy Watch ги преведува овие сложени биометриски податоци во едноставни, проактивни препораки, помагајќи им на корисниците да разберат не само што се случува во нивните тела, туку и што да прават следно.
Новите можности, достапни и на Galaxy Watch Ultra2 и на Galaxy Watch9, ја унапредуваат визијата на “Samsung“ за превентивна нега преку комбинирање на секојдневни податоци со години на ригорозни клинички истражувања спроведени со светски познати универзитети и медицински институции. Надградувајќи врз оваа основа, Galaxy Watch е дизајниран да обезбеди попрецизни и позначајни здравствени насоки во клучните столбови, вклучувајќи ги спиењето, активноста, кардиоваскуларното здравје и опоравувањето.
- Функција Витални знаци (Vitals)[11]: Проактивно ја следи личната здравствена основа на корисникот за време на спиењето и обезбедува беспрекорни известувања за значителни отстапки.
- Оценка за здравјето на срцето (Heart Health Score)[12]: Овозможува лесно разбирање на кардиоваскуларното здравје преку едноставна, практична оценка и персонализирани препораки за животниот стил.
- Дневно кардио оптоварување (Daily Cardio Load)[13]: Го оптимизира тренингот преку приспособени насоки за обемот на вежбање и проценетите потреби за опоравување.
- Фитнес индекс ( Fitness Index)[14]: Нуди сеопфатен преглед на физичката подготвеност со персонализирани цели за подобрување на секојдневните перформанси.
- Слух ( Hearing)[15]: Го штити долгорочното здравје на слухот со известувања за небезбедни нивоа на бучава и детални извештаи.
Со овие функции, корисниците можат да добијат пристап до интелигентни, персонализирани сознанија кои им овозможуваат непречено да управуваат со своето долгорочно патување кон добросостојба и да ги постигнат своите цели.

Колекции на ременчиња создадени со цел: Дизајнирани за секој животен стил
Паметниот часовник треба да биде уникатен колку и корисникот, а и Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9 нудат низа разновидни опции за ремени кои одговараат на секој животен стил.
Бидејќи врвните перформанси бараат вистинска опрема за вистинскиот момент, “Samsung“ нуди специјализирана колекција на ременчиња наменети за Ultra моделот. Без разлика дали корисниците се соочуваат со терен со нерамни површини, нуркаат во длабочина или одат на деловен состанок, тие имаат флексибилност да го изберат совршениот ремен прилагоден на нивната специфична намена и околина, обезбедувајќи оптимална функционалност без компромис во стилот. Корисниците имаат следниве опции за избор:
- Marine ременче: уште полесно силиконско ременче што дише, дизајниран за авантури во текот на целиот ден и екстремни услови
- PeakForm ременче: ремен од хибриден материјал кој нуди врвна завршница оптимизирана и за елеганција и за атлетски перформанси.
- Trail ременче: класичен ремен од ткаенина со подобрена пропустливост на воздух и супериорно прилегање за долготрајна удобност, дури и за време на напорни активности на отворено како што е трчањето.
Дизајнирана со цел да овозможи врвно самоизразување, новата и проширена колекција на ремени за Watch9 им овозможува на корисниците да го покажат својот личен стил и да го приспособат својот изглед. Со иновативни нови материјали и живописен спектар на бои, овие ремени ја максимизираат удобноста при различни активности, од интензивни тренинзи до вашите секојдневни рутини:
- Спортско ременче: потенко, помеко и универзално за врвна удобност и лесни премини од тренинзите кон секојдневниот живот.
- Misty ременче: изработено од врвен мек силикон кој сигурно се обвиткува околу зглобот за стабилно прилегање, без отскокнување. Со суптилни и нежни бои во две нијанси, дава софистициран изглед кој лесно го надополнува секојдневниот стил на корисникот.
- Ткаено ременче: лесно, секојдневно ременче кое е пропустливо за воздух и нуди максимална удобност, дури и за време на спиење.
60-дневна бесплатна “Strava“ претплата за премиум функции[16]:
Корисниците можат да почнат да тренираат со најактивната заедница во светот, каде што 195 милиони активни луѓе од 185 земји го следат секој свој напор и се бодрат едни со други, и имаат придобивка од 60 дена бесплатна “Strava“ претплата за премиум функции. Но, “Strava“ оди чекор подалеку од тренингот. Корисниците можат да се поврзат со својата заедница и да откриваат нови патеки за трчање со следење на тренинзите директно на својот часовник, а потоа да ја отворат апликацијата “Strava“ на својот мобилен телефон. За да активираат бесплатен пробен период, корисниците можат да ја отворат мобилната апликација “Strava“, да отидат во Поставки и да ја одберат понудата на “Samsung“.

Достапност
Заедно со новата Galaxy Z серија, Galaxy Watch Ultra2 и Watch9 го прошируваат екосистемот со вештачка интелигенција на “Samsung“, носејќи искуства на животен придружник низ секој формат, од ракавот до џебот и дома.
Galaxy Watch Ultra2 ќе биде достапен во големина од 47 мм, додека Galaxy Watch9 ќе биде достапен во две големини: 40 мм и 44 мм. Корисниците на Galaxy Watch Ultra2 ќе можат да избираат помеѓу титаниумско сребрена или титаниумско сива боја. Во меѓувреме, 40-милиметарскиот Galaxy Watch9 ќе биде достапен во крем и графитно сива боја, додека 44-милиметарскиот Galaxy Watch9 ќе биде достапен во графитно сива и сребрена боја.
Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9 се достапни за нарачка во Северна Македонија почнувајќи од 22 јули 2026 година, со општа достапност започнувајќи од 7 август 2026 година.
За повеќе информации за Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9, посетете ја страницата: Samsung Newsroom или Samsung.com.
ТАБЕЛА СО СПЕЦИФИКАЦИИ
| Galaxy Watch Ultra2 | Galaxy Watch9 | ||
| Боја
*Достапноста на боите може да варира во зависност од пазарот, операторот или продажниот партнер. |
47mm: Титаниум сребрена, Титаниум сива | 44mm: Графитна, Сребрена
40mm: Графитна, Крем |
|
| Димензии и тежина | 47mm: 47,4 x 47,1 x 1,.7mm (61,5g) | 44mm: 46,0 x 43,7x 8,6mm (34,0g)
40mm: 42,7 x 40,4x 8,6mm (31,5g) |
|
| Екран | Sapphire Crystal
– 47mm: 1,52 инчи (38,5 mm), 498×498 |
Sapphire Crystal
– 44mm: 1,47 инчи (480×480) – 40mm: 1,34 инчи (438×438) Super AMOLED, Full Color Always On екран, до 3.000 нити |
|
| Процесор | Qualcomm SDW6100 (Penta-Core, 3nm) | ||
| Меморија и простор за складирање | 2GB меморија + 64GB простор за складирање | 2GB меморија + 32GB простор за складирање | |
| Батерија
|
800mAh | 44mm : 445mAh
40mm: 390mAh |
|
| Полнење* | Високо фреквентно брзо полнење
(WPC-базирано безжично полнење) |
Брзо полнење
(WPC-базирано безжично полнење) |
|
| Оперативен систем (OS) | Wear OS Powered by Samsung (Wear OS 7) | ||
| UI | One UI 9 Watch | ||
| Сензори | Сензор Samsung BioActive (оптички биосигнал сензор + електричен срцев сигнал + биоелектрична импедансна анализа), сензор за температура, акцелерометар, барометар, жиросензор, геомагнетен сензор, сензор за светлина | ||
| Поврзаност | LTE, Bluetooth 6.0, Wi-Fi 2.4GHz+5GHz, NFC, L1+L5 Dual-Frequency GPS | ||
| Издржливост и отпорност на вода | 10ATM+ / IP69K / MIL-STD-810H /
EN13319 |
5ATM + / IP68 / MIL-STD-810H | |
| Компатибилност | Android 13.0 или понов и со повеќе од 1,5 GB меморија
* Активирањето на уредот е достапно само откако ќе се поврзете со паметен телефон што ги поддржува Google Mobile Services. Компатибилните уреди може да се разликуваат во зависност од пазарот, операторот или брендот на уредот. |
||
[1] Достапноста и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од пазарот, моделот и поврзаниот паметен телефон. Целата функционалност, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени во овој документ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на придобивките, дизајнот, цената, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот, подлежат на промени без претходна најава.
[2] Производите со брендот Snapdragon и Snapdragon Wear Elite Platform се производи на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Qualcomm Incorporated.
[3] Trail Run е достапен на Android телефони (Android 13 или понов) и потребна е апликацијата Samsung Health (верзија 7.0 или понова). Потребно е најавување на Samsung сметка. Услугата е достапна само со Galaxy Watch Ultra2.
[4] За да го активирате Nutrition Alert, корисникот треба да отиде во поставките за вежбање и да ја овозможи функцијата за исхрана. Имајте предвид дека известувањето за исхрана е поддржано само за одредени специфични активности.
[5] Galaxy Watch Ultra2 има водоотпорност до 100 метри според стандардот ISO22810. Тестот беше спроведен во 5% солена вода и вода со 4 ppm хлор. Galaxy Watch Ultra2 е исто така водоотпорен со IPX8 рејтинг врз основа на лабораториски услови за потопување во свежа вода до 1,5 метри до 30 минути и IPX9K рејтинг врз основа на лабораториски услови за отпорност на вода од силни млазови. Galaxy Watch Ultra2 го има добиено сертификатот EN13319, кој е стандард што се однесува на инструменти за мерење на длабочина на вода преку амбиентален притисок, како што користат нуркачите, а исто така и за време на нуркање во одредени услови. Водоотпорноста не е трајна состојба и со текот на времето може да се намали. Ако уредот бил изложен на морска вода, корисникот треба да го исплакне со слатка вода и да го исуши по употреба. За повеќе информации, вклучувајќи упатства за нега/употреба, погледнете во упатството за употреба. Galaxy Watch Ultra2 е отпорен на прашина со IP6X рејтинг, заснован на лабораториски тест-услови од трета страна: 2 кг талк во прав (со максимален дијаметар од 0,05 мм) по кубен метар беа дувани во тест-камера во која се наоѓаше уредот (притисокот на воздухот во уредот беше одржан под притисокот на околината) во период од 2 часа. Отпорноста на прашина може да варира во зависност од реалните услови на употреба. Galaxy Watch Ultra2 доби сертификат MIL-STD-810H: високи/ниски температури, надморска височина, влажност, потопување, солена магла, прашина, вибрации, паѓање итн. MIL-STD-810H е стандардизирана форма на тестирање дизајнирана од страна на американската војска за прецизно проценување на ограничувањата на уредот. Реалната употреба може да варира во зависност од специфичните услови на околината користени при тестирањето. Екстремни услови не се загарантирани. Galaxy Watch Ultra2 издржува температури од -20°C до 55°C додека се носи на раката, врз основа на резултатите од внатрешните лабораториски тестови спроведени од Samsung. Вистинската изведба може да варира во зависност од околината каде што се користи. При многу високи или ниски температури, полнењето може да биде блокирано, одредени функции може автоматски да се прекинат или да не бидат достапни, или часовникот може автоматски да се исклучи за безбедност. Дополнително, перформансите на батеријата може да бидат негативно засегнати при ниски температури.
[6] За да ги користите функциите, потребно е активирање од часовникот (Поставки> Напредни функции> Автоматско стартување при нуркање> Длабочина “Вклучено”).
[7] Почнувајќи од подоцна оваа година, овие функции за нуркање развиени со Mares ќе бидат ексклузивно достапни на Galaxy Watch Ultra2 во следните две години на паметните часовници со Wear OS
[8] Врз основа на истражување на пазарот на паметни часовници објавени на глобално ниво заклучно со јуни 2026 година. Спецификацијата од 5.000 нити се однесува на локализираната врвна осветленост постигната при силно амбиентално осветлување, а осветленоста на целиот екран може да се разликува. Вистинската осветленост може да варира или да биде ограничена во зависност од факторите на околината, температурата на уредот и условите на користење.
[9] Во споредба со претходниот Galaxy Watch Ultra.
[10] Galaxy Watch9 40mm.
[12] Достапно на претстојниот Galaxy Watch со One UI 9. Потребен е компатибилен телефон Samsung Galaxy, апликацијата Samsung Health v7.0 и Samsung сметка. Потребно е првично поставување со носење на часовникот 24 часа (вклучувајќи ги времето додека сте будни и додека спиете). Функциите на софтверот за оценка на здравјето на срцето не се наменети за употреба при дијагностицирање на болести или други состојби, ниту за лекување, ублажување, третман или превенција на болести.
[13] Функцијата дневно кардио оптоварување е достапен на Android телефони (Android 10 или понов) и бара апликацијата Samsung Health (v7.0 или понова). Потребно е најавување на Samsung сметка. Услугата е достапна само со Galaxy Watch7 или понов, со One UI 9 Watch или понов. За да ја користите оваа функција, потребни се најмалку 7 дена евиденција за активност, додека за оптимална точност се препорачува 28 дена континуирано носење. Имајте предвид дека вредностите може да се зголемат во дневни ситуации кога пулсот се зголемува, како што се за време на напнатост, анксиозност или стрес.
[14] Фитнес-индексот е достапен на Android телефони (Android 10 или понов) и бара апликацијата Samsung Health (верзија 7.0 или понова). Потребно е најавување на Samsung сметка. Услугата е достапна само со Galaxy Watch7 или понов со One UI 9 Watch или понов. За да ги користите функциите, потребно е да се направат најмалку по едно мерење на BIA и VO2 Max, заедно со евиденција за активност од два дена и податоци за бројот на чекори.
[15] Функцијата мора да се активира од часовникот за да може да се користи (Samsung Health > Слух > Поставки > Следење на звук “Вклучено”).
[16] Бесплатната промотивна 60-дневна пробна претплата на Strava е достапна ширум светот, со исклучок на Белорусија, Кина, Куба, Иран, Северна Кореја, Русија, Сирија, санкционираните делови од Украина и Јужна Кореја.
[17] Достапноста на боите и големините може да варира во зависност од пазарот или регионот.

