Компанијата HONOR, глобален лидер во областа на екосистемите на AI уреди, денес официјално започна ново поглавје во својот глобален развој со претставувањето на новото лого, со што е означена пресвртница во развојот на компанијата – нејзиниот премин од традиционален производител на паметни телефони во глобален лидер во областа на екосистемите на AI уреди.
Трансформацијата од „производител на паметни телефони“ во глобален лидер во областа на „екосистемите на AI уреди“ претставува радикално редефинирање на иднината на HONOR. Овој нов идентитет настана природно, како резултат на континуираните искораци во областа на технологијата, развојот на пазарот и самата индустрија. Кога една технолошка компанија ќе почне на поинаков начин да го преиспитува односот меѓу вештачката интелигенција и луѓето, а нејзиниот развој доследно ги надминува очекувањата на околината, промените стануваат неизбежни. Промената на идентитетот на брендот е природен и неопходен израз на таа трансформација.

Границите се рушат. Растот се забрзува. HONOR повеќе не е само производителот на телефони каков што некогаш беше. Со претставувањето на уредот Robot Phone, целосно нова категорија производи, HONOR официјално зачекори во нова фаза од својот развој како компанија што гради екосистем на AI уреди. Од вештачката интелигенција директно во уредот до синергијата на целиот систем; од глобалното лидерство во сегментот на преклопни телефони до победата на хуманоиден робот на полумаратон; од AiMAGE, првиот систем во индустријата за компјутерска фотографија што ги обединува обработката во облак и обработката на самиот уред, до партнерството со компанијата ARRI, кое отвора ново, филмско поглавје во мобилната фотографија; од еволуцијата на паметниот телефон до уредот Robot Phone; од традиционалните оперативни системи до генерацискиот исчекор што го носи Agentic OS; од еден уред до градење отворен AI екосистем на уреди заснован на соработка и заеднички развој – HONOR ја претвори својата Alpha стратегија и AHI филозофија од визија во реалност преку низа клучни технолошки искораци. Пазарот го даде најискрениот одговор: во првиот квартал од 2026 година, HONOR оствари раст од 25 отсто и покрај неповолните пазарни движења, станувајќи единствениот кинески бренд со позитивен раст. Приходите на меѓународните пазари сочинуваа повеќе од половина од вкупните приходи на компанијата, додека нејзините преклопни телефони ја зацврстија втората позиција на глобалниот пазар. Успехот не е случајност, туку природен резултат на долгорочниот развој, кога континуираниот квантитативен напредок прераснува во квалитативен исчекор.

Темпото на трансформацијата се забрзува, а насоката на развојот станува сè појасна. Паралелно со тоа се менува и идентитетот на брендот. HONOR повеќе не е само бренд што ги поместува границите на технолошките спецификации, туку активно навлегува во културниот простор на помладите генерации: преку партнерства со најзначајните глобални настани го инспирира духот на истражувањето, додека преку соработки со брендови од светот на дизајнерските производи го претвора својот идентитет во израз на став. Младите во HONOR не гледаат недостижен технолошки гигант, туку бренд што ги разбира, ги охрабрува да бидат поинакви и е подготвен да расте заедно со нив.
Оваа трансформација на брендот претставува сеопфатно унапредување што се протега низ технологијата, индустријата, екосистемот и самата суштина на брендот. Таа не е крај, туку почеток на целосно ново поглавје: HONOR повеќе не е бренд што другите го дефинираат, туку самиот ја поставува насоката; повеќе не ги следи трендовите, туку ги создава; повеќе не е само сопатник, туку двигател на промените. Духот на слоганот „Dare to Be“ одамна е длабоко вткаен во ДНК на компанијата HONOR. Иднината веќе пристигна. HONOR се стреми да биде компанија што ги привлекува најкреативните луѓе во светот за заедно да ги истражуваат границите на имагинацијата и да ја создаваат AI иднината што им припаѓа на сите.
Новото лого на компанијата HONOR е достапно на следниот линк: https://drive.google.com/drive/folders/1lIpm5vYC20KK90gGBteBButVouRzLLlz

