YouTube воведе нови алатки кои им го олеснуваат на креаторите додавањето thumbnail креативи на нивните видеа.
Креаторите кои се дел од YouTube Partner Program, односно оние кои веќе можат да заработуваат од својата содржина, сега можат да поставуваат прилагодени слики за thumbnail на своите Shorts видеа. Тоа им овозможува да се погрижат нивните кратки видеа да имаат привлечни thumbnail слики кои одговараат на нивната тема. Тие дури можат и дополнително да додадат нови thumbnail слики на постоечките Shorts видеа така што ќе отидат во картичката „Content“ во десктоп апликацијата YouTube Studio, а потоа ќе ги прикачат сликите под видеата кои сакаат да ги уредат. Од YouTube велат дека во иднина оваа можност ќе ја прошират и на уште повеќе корисници.
На компјутерите, креаторите сега ќе можат да избираат меѓу три предложени кадри преземени од нивните видеа, кои можат да ги користат како thumbnail за своите Shorts видеа. Оваа функција веќе беше достапна за подолгите видеа, но претходно не беше достапна за кратките содржини. На мобилните уреди, креаторите и понатаму можат да изберат кој било кадар од своето видео што ќе го користат како thumbnail.

Последното ажурирање веројатно нема да им се допадне на гледачите на кои веќе им пречат сè поголемиот број AI сликички на платформата. Ask Studio, интерната AI алатка на YouTube, директно интегрирана во платформата за управување со содржини, сега има можност за генерирање thumbnail слики. Креаторите можат да побараат од неа да изработи thumbnail слики за нивното најново видео, а потоа да ѝ дадат инструкции (prompt-ови) за да го прилагодат распоредот на елементите, боите и другите делови од добиените слики.
„Креираните thumbnail слики ќе бидат прилагодени на специфичните теми на вашето видео и на вашиот специфичен стил“, наведува YouTube.

