Samsung за 2027 година подготвува четири Galaxy S27 модели и четири преклопни уреди, вклучувајќи нова генерација на TriFold моделот.
Samsung Electronics започна со подготовките за втората генерација на TriFold телефоните, чие претставување се очекува следната година. Откако оваа година ја прошири понудата на преклопни уреди со нов модел со сооднос на страници 4:3, Samsung Galaxy во текот на 2027 година би можел да понуди вкупно четири преклопни телефони, вклучувајќи модел кој се превиткува на две места.
Компанијата истовремено планира во првата половина од годината да го претстави и новиот Pro модел во рамките на Galaxy S27 серијата. Таканаречената стратегија „4+4“ подразбира четири класични флегшип телефони во првата половина од годината и четири преклопни модели во втората половина, со што Samsung сака да го прошири изборот и да ја зајакне позицијата во премиум сегментот.
Стандарден формат:
- Galaxy S27
- Galaxy S27+
- Galaxy S27 Pro
- Galaxy S27 Ultra
Преклопни телефони:
- Galaxy Z Fold 9
- Galaxy Z Fold 9 Ultra
- Galaxy Z Flip 9
- Galaxy Z TriFold 2

Според извори од индустријата, Samsung веќе им ги претставил на добавувачите деталите за проектот на новата генерација TriFold телефони и започнал со раната фаза на развој. Спецификациите сè уште не се финализирани, но се очекува големината на екранот да остане приближно иста како кај првата генерација.
Samsung за 2027 година подготвува осум Galaxy флегшип телефони
Првиот Galaxy Z TriFold беше претставен во декември 2025 година како првиот комерцијално достапен телефон со екран кој се превиткува навнатре на две места. Уредот има главен OLED екран со дијагонала од 9,96 инчи и надворешен OLED екран од 6,49 инчи. Речиси десетинчниот екран со формат 4:3 нуди значително поголема површина за гледање видео, играње игри и друг вид содржина.
Поголемите димензии и тежина го отежнуваат користењето со една рака, но истовремено овозможуваат подобро искуство при гледање видеа и играње игри во споредба со досегашните Galaxy Fold модели.
Едно од главните прашања е дали Samsung ќе го зголеми производството на втората генерација. Првиот модел предизвика голем интерес, но според наводите биле произведени само околу 30.000 примероци. Неговата цел првенствено била демонстрација на технологијата, а не остварување профит, поради многу високите трошоци за производство.
Бидејќи развојот на новиот модел започнал релативно рано, изворите наведуваат дека втората генерација на TriFold телефонот би можела да биде претставена заедно со Galaxy Z9 серијата околу јули 2027 година, наместо како посебно специјално издание.
Samsung оваа недела на Galaxy Unpacked настанот во Лондон ја претстави Galaxy Z Fold8 серијата, која ја сочинуваат Fold8 Wide Fold, Fold8 Ultra и Flip8. Со додавањето на TriFold моделот следната година, понудата на преклопни уреди би се зголемила на четири модели.
Galaxy S27 серијата би требало да ја сочинуваат основниот, Plus, Pro и Ultra моделите. Со стратегијата „4+4“, Samsung сака да покрие поширок спектар на потреби на корисниците и да го забрза прифаќањето на преклопните телефони на масовниот пазар.

