Како и кај останатите верзии на апликацијата, сите аудио и видеоповици преку WhatsApp Web се заштитени со end-to-end енкрипција, што значи дека содржината на разговорот можат да ја видат и слушнат исклучиво учесниците во повикот.
Корисниците отсега можат да воспоставуваат и примаат аудио и видеоповици директно преку WhatsApp Web, без потреба од преземање или инсталирање дополнителни апликации. Дополнително, воведена е можност за споделување на екранот, испраќање реакции за време на повикот, како и посебно јазиче Calls, каде што се достапни историјата на повици и омилените контакти.
Како и кај останатите верзии на апликацијата, сите повици преку WhatsApp Web се заштитени со end-to-end енкрипција и немаат временско ограничување ниту дополнителни трошоци. Новина е и можноста активниот повик незабележливо да се префрли меѓу мобилната апликација, WhatsApp Web и десктоп апликацијата, без прекин на разговорот.

Компанијата претстави и дополнителни функции за групните повици. Корисниците кои ќе креираат линк за повик сега можат да ја активираат опцијата за одобрување на учесниците пред да се приклучат, со што се воведува своевидна виртуелна чекалница. Покрај тоа, достапно е и отстранување на позадинската бучава, кое ги намалува звуците од околината за гласот на соговорникот да биде појасен. Оваа опција може да се вклучи или исклучи во поставките за време на повикот.
Подобрувања добија и видеоповиците. WhatsApp наведува дека HD-квалитетот на сликата отсега ќе биде достапен уште од првите секунди на разговорот, без досегашното постепено зголемување на квалитетот. Сите овие функции ќе се воведуваат постепено и, според WhatsApp, наскоро ќе бидат достапни за сите корисници.

