Долгоочекуваниот Honor Robot Phone конечно ќе биде целосно претставен на 12 август, а компанијата уште кон крајот на јули ги потврди деталите за неговите камери. Сега се откриени и нови информации за спецификациите на уредот.
Според најновото протекување на информации, објавено од Digital Chat Station на кинеската социјална мрежа Weibo, откриени се речиси сите спецификации на смартфонот. Во меѓувреме, Honor објави и промотивни фотографии од уредот.
Honor Robot Phone ќе располага со 6,3-инчен рамен LTPO OLED дисплеј со резолуција од 1.216 × 2.640 пиксели, максимална осветленост од дури 6.800 нити и антирефлексивен слој за подобра видливост.

За перформансите ќе биде задолжен новиот Snapdragon 8 Elite Gen 5 процесор, додека батеријата ќе има капацитет од 7.060 mAh со поддршка за 120 W брзо жично полнење. Смартфонот ќе користи и три сопствени чипови на Honor – C1, E2 и H1.
Чипот C1 е наменет за подобрување на радио-фреквентните перформанси и квалитетот на сигналот, E2 е задолжен за управување со потрошувачката на енергија, а H1 е специјализиран за обработка на фотографии.

На задната страна ќе се наоѓа главна камера од 200 MP со f/1.6 отвор на бленда, gimbal стабилизација и сензор со големина 1/1,28 инчи. Покрај неа ќе има и 200 MP перископска телефото камера со f/2.6 отвор на бленда, 2,7x оптички зум и сензор со големина 1/1,4 инчи.
Honor Robot Phone ќе биде достапен во две конфигурации: со 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија, како и помоќна верзија со 16 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија.

