OnePlus се збогува со европските корисници со делење на 5.600 магнетни AIRVOOC полначи од 50 W, но само на одредени пазари.
OnePlus неодамна потврди дека се повлекува од европскиот и северноамериканскиот пазар, а пред заминувањето подготви посебна поволност за дел од своите корисници. Компанијата ќе подели вкупно 5.600 магнетни безжични полначи AIRVOOC со моќност од 50 W во четири европски земји.
Акцијата е достапна за корисниците во Обединетото Кралство, Германија, Шпанија и Франција, но за добивање на бесплатниот полнач потребно е да се исполнат два услови. Корисниците мора да се претплатат на билтенот на Oppo и да ја поврзат својата OnePlus сметка со сметката на Oppo.

Бројот на достапни полначи очекувано е ограничен. OnePlus и Oppo обезбедиле вкупно 5.600 примероци за сите четири пазари, без посебно утврдени квоти за одделните земји. Полначите ќе се делат по принципот „кој прв ќе стигне, негово“, односно додека не се потрошат залихите.
Заинтересираните корисници можат да се пријават преку посебните секции на интернет-страниците на Oppo за Обединетото Кралство, Германија, Шпанија и Франција.


