Првиот роботски паметен телефон во светот со целосно интегриран механички гимбал со 4DoF, контрола на движењето базирана на вештачка интелигенција и ARRI технологија за обработка на слика официјално е претставен.
Компанијата HONOR, глобален лидер во областа на екосистемот на AI уреди, денес го лансираше долгоочекуваниот HONOR Robot Phone. Како револуционерен уред кој воведува целосно нова категорија, Robot Phone ги поместува физичките граници на традиционалната мобилна технологија, интегрирајќи целосно моторизиран механички гимбал со три оски директно во дизајнот на премиум паметен телефон. Тој комбинира одбрани елементи од ARRI технологијата за обработка на слика и професионалните кинематографски работни процеси, а надминувајќи ја улогата на традиционалниот паметен телефон, станува активен физички придружник и моќно мобилно продукциско студио.
„Кога ќе се погледне еден век развој на технологијата за снимање, станува јасно дека секој голем исчекор е резултат на истовремена еволуција на начинот на кој се доловува светлината и интелигентната обработка на сликата“, изјави Џејмс Ли, извршен директор на HONOR. „Хардверот ги поставува темелите на квалитетот на сликата, додека алгоритмите носат исчекор. Но технологијата е само основа: она што на крајот го дефинира врвното снимање е естетиката. Векот на филмската уметност ни ја покажа моќта на прецизната контрола на светлината и сенките, длабокото разбирање на боите и емоциите, како и способноста секој кадар да раскаже приказна. Заедно со ARRI, ќе продолжиме да ги поместуваме границите на креативното создавање и да инспирираме нова генерација креатори.“
„Иднината не се сведува само на поголем број пиксели. Станува збор за контрола. За овозможување на авторите да создаваат прекрасни фотографии и снимки. HONOR носи експертиза во областа на мобилното снимање, обработката на податоци и роботиката. ARRI придонесува со повеќе од еден век доверливо лидерство во областа на науката за сликата и професионалните продукциски процеси. Доаѓаме од различни индустрии, но споделуваме една амбиција: да го унапредиме она што креаторите можат да го постигнат со алатките што секојдневно ги носат со себе“, изјави Дејвид Бермбах, Chief Product Officer во ARRI.
Првиот паметен телефон во индустријата со 4DoF агилен гимбал од титаниум
HONOR Robot Phone интегрира ултракомпактен механички 4DoF систем со HONOR титаниумски агилен гимбал. Развиен преку 60 производствени процеси, овој систем обединува повеќе од 100 прецизни компоненти и е заштитен со повеќе од 100 патенти. Во споредба со стандардните гимбали на пазарот, HONOR ги намалил вкупните димензии на системот за 65%, истовремено зголемувајќи ја неговата структурна цврстина за 200%.
HONOR моторот на титаниумскиот гимбал, тежок само 2,6 грама, овозможува контрола на брзина до 360° во секунда, додека HONOR Super Steel Flip моторот обезбедува густина на вртежен момент од 120 N·m/L. Овие технологии заедно овозможуваат брзо и прецизно движење, како и стабилно позиционирање, сето тоа во рамките на премиум паметен телефон со компактен дизајн кој собира во џеб.

Интелигентно снимање преку партнерството HONOR–ARRI во областа на кинематографската фотографија
HONOR Robot Phone претставува прв значаен чекор во рамките на партнерството меѓу HONOR и ARRI, светски познат производител на професионални филмски камери. Надминувајќи ги едноставните филтри, овој уред прилагодува одбрани елементи од ARRI технологијата за обработка на слика и професионалните кинематографски работни процеси за примена во паметен телефон.
Системот на задни камери го сочинува Dual 200MP систем: главна 200MP Agile Gimbal камера со сензор од 1/1,28 инчи и отвор на блендата f/1.6 и 200MP перископска телефото камера со сензор од 1/1,4 инчи и 2,7x оптички зум. Главната 200MP Agile Gimbal камера поддржува 10-битно снимање во формат ARRI LogC3 во режимот ARRI CINEMA, додека 50MP ултрашироката камера со видно поле од 122° го заокружува разноврсниот систем на камери.
Преку партнерството HONOR–ARRI во областа на кинематографската обработка на слика, Robot Phone ги комбинира ARRI LogC3, ARRI Wide Gamut 3 и ARRI Looks со HONOR H1 чипот за обработка на слика. AI намалувањето на шумот го подобрува SNR на видео-снимките за 8 dB, додека AI оптимизацијата на динамичкиот опсег поддржува до 14 стопови динамички опсег.
Процесот на видеообработка го намалува шумот уште во RAW доменот, ги обработува податоците во 14-битен 4:4:4 формат и генерира 10-битен LogC3 и 4:2:2 видео запис, со што се зачувува поголема количина корисни информации за сликата за постпродукција. ARRI Looks може да се прегледуваат и во реално време, што им го олеснува на авторите постигнувањето контролиран филмски изглед.

ARRI LogC3 зачувува повеќе информации во светлите и темните делови од сликата за потребите на постпродукцијата, додека ARRI Wide Gamut 3 обезбедува поширок спектар на бои, а ARRI Looks нуди контролирани филмски тонови. Снимениот материјал може да се пренесе и во професионални алатки за монтажа, како што е DaVinci Resolve, каде што авторите можат директно да применат ARRI LUT-ови, со што се заокружува целосниот процес од снимање до постпродукција на мобилен уред.
Технологиите развиени преку партнерството на HONOR со ARRI во областа на кинематографското снимање ќе продолжат да се развиваат и ќе бидат претставени во претстојната HONOR Magic9 серија.
Во рамките на оваа континуирана соработка, компаниите ќе продолжат да ги унапредуваат и развиваат интегрираните технологии и процеси за обработка на слика, врз основа на техничка валидација и примена во реални услови.

Отелотворена вештачка интелигенција и креирање содржина без допирање на телефонот со MagicOS
Предводејќи ја новата ера на мултимодална интеракција, Robot Phone воведува контрола на движењето на роботско ниво, базирана на вештачка интелигенција, која го трансформира уредот во автономна лична камера. Раката на камерата поддржува низа режими на кинематографско движење, вклучувајќи Tilt Lock, First Person View (FPV), FPV Vertical и AI SpinShot, помагајќи им на авторите полесно да снимаат подинамични кадри.
HONOR Robot Phone, со оперативниот систем MagicOS, го воведува YOYO Robot Mode, кој обединува мултимодална перцепција, разбирање на контекстот, препознавање гестови и физичко движење. Функциите Voice Source Localization и AI Live-Tracking овозможуваат камерата автоматски да се движи хоризонтално и вертикално, задржувајќи го корисникот во кадарот при снимање влогови, преноси во живо или движење за време на видео повици.
Контролата со гестови исто така им овозможува на корисниците да ја активираат раката на камерата и да снимаат без да го допираат телефонот. Покрај функциите за снимање, YOYO Auto Execution му овозможува на AI агентот на системско ниво да ја разбере намерата на корисникот и да извршува сложени задачи составени од повеќе чекори, преку поддржани апликации и системски поставки.
Благодарение на отворениот интерфејс Agent Skills, Robot Phone им овозможува на независните програмери да креираат нови искуства користејќи ги можностите на неговиот гимбал, перцепцијата и интеракцијата преку движења.

Врвни перформанси и премиум изработка
Robot Phone, кој го придвижува Snapdragon® 8 Elite Gen 5 мобилната платформа, обезбедува врвни перформанси при обработка на AI задачи, снимање и работа со повеќе апликации истовремено. Напредниот систем за ладење, специјално развиен за овој уред, ефикасно ја одведува топлината и овозможува одржување на максималните перформанси дури и при долготрајно снимање.
Истовремено, HONOR Next Gen силиконско-јаглеродната батерија со капацитет од 7.060 mAh обезбедува целодневна автономија, со HONOR SuperCharge брзо жично полнење од 120 W и безжично полнење од 50 W.
HONOR Robot Phone има метално куќиште изработено од едно парче, прилагодено за Android платформата, со непречен премин на закривените R3 рабови. Опремен е со импресивен 6,31-инчен LTPO OLED HONOR AI Eye Comfort екран, заштитен со HONOR NanoCrystal Shield стакло. Екранот поддржува адаптивна стапка на освежување од 1 до 120 Hz и достигнува исклучителна максимална осветленост од 6.800 нити.
Напредните технологии за заштита на очите, вклучувајќи PWM затемнување од 4.320 Hz, овозможуваат попријатно гледање на екранот и при подолготрајна употреба.
Патот кон глобалното лансирање
Официјалното лансирање на HONOR Robot Phone го означува врвот на неговиот спектакуларен глобален пат. За првпат претставен на саемот Mobile World Congress (MWC) во март 2026 година, каде што наиде на одлични реакции од стручната јавност, уредот потоа го привлече вниманието на филмската индустрија со импресивни кадри за време на China Night вечерта на Филмскиот фестивал во Кан и на 28. Меѓународен филмски фестивал во Шангај.
Сега, со почетокот на комерцијалната продажба, Robot Phone е подготвен да ја доближи професионалната филмска продукција до корисниците ширум светот.
Бои, цена и достапност
HONOR Robot Phone ќе биде достапен во две конфигурации: 12 GB + 512 GB и 16 GB + 1 TB, по цени од 9.999 CNY, односно 12.999 CNY. Преднарачките во Кина започнуваат на 12 август во 20:30 часот, додека официјалната продажба започнува на 18 август во 10:08 часот.
Корисниците на HONOR Robot Phone ќе добијат и доживотни бесплатни SVIP поволности за YOYO AI Membership. Со купувањето се добива и оригинален пакет придружна опрема, кој вклучува додатоци како магнетен држач, ремен за носење и 120 W all-in-one полнач.
Погледнете ја снимката од претставувањето на HONOR Robot Phone:


