Tap to Share засега е достапен на Pixel уредите и на неодамна претставените преклопни телефони на Samsung, а Google до крајот на годината ќе ја прошири поддршката и на други уреди.
Google официјално ја претстави функцијата Tap to Share, нов начин за едноставно споделување контакти, фотографии и видеа помеѓу Android уреди. Станува збор за функција за која веќе извесно време се шпекулираше како алтернатива на NameDrop на Apple.
Како што се очекуваше, Tap to Share засега е достапен на телефоните Google Pixel 6 и поновите модели, како и на Samsung Galaxy Z Fold 8, Fold 8 Ultra и Flip 8. Google наведува дека до крајот на годината поддршката ќе биде проширена и на дополнителни уреди.

За споделување контакт информации, доволно е двата поддржани телефони да се приближат еден до друг додека корисниците се на почетниот екран, по што автоматски се активира двонасочното споделување. Корисникот може да избере кои податоци од својата контакт-картичка ќе ги сподели, но и да постави опција само да ги прими податоците од другото лице, без да ги сподели своите.
На сличен начин може да се споделуваат и фотографии и видеа. Потребно е да се отвори менито за споделување во апликацијата, а потоа да се приближат двата поддржани уреди за да се пренесе содржината.
Како тоа изгледа во пракса, погледнете во продолжение.
Tap to Share може целосно да се исклучи и преку поставките, во менито Google > Quick Share > Tap to Share.

