Android 17 QPR2 Beta 3 носи нов уредувач на брзите поставки, напредни опции за приспособување на темите и заштита од телефонски измами
Google официјално го лансираше ажурирањето Android 17 QPR2 Beta 3 за поддржаните Google Pixel уреди, кое покрај поправките на системските грешки носи и низа нови функции.
Најголемата и најзначајна промена се однесува на напредното приспособување на менито со брзи поставки (Quick Settings). Но, секако, тоа не е единствената новина.

Нов уредувач на брзите поставки и визуелни теми
Со Android 17, Google воведува целосно нов уредувач на распоредот во менито со брзи поставки. Овие додатоци им овозможуваат на корисниците според сопствените желби да ги организираат речиси сите кратенки и опции.
Достапни се дополнителни можности за приспособување, кои може да се поделат во два дела.
Првиот е „Приспособување на распоредот“. Оваа опција овозможува зголемување на поединечните плочки (tiles), како и слободно поместување на лизгачот за осветленоста и интерфејсот на медиа плеерот.
Вториот е „Приспособување на темите“. Корисниците добиваат можност за попрецизно приспособување на нијансите на четирите главни системски бои преку нов лизгач. Покрај тоа, во финалната верзија на системот е додаден и ефект на заматување (blur).

Напредна заштита во Android 17 од телефонски измами
Покрај визуелните промени, новата бета-верзија носи и важни безбедносни функции наменети за заштита од социјален инженеринг и телефонски измами.
Системот сега прикажува дополнителни дијалози за потврда при внесување кодови за пренасочување на повици. На овој начин, со нов слој на заштита се спречува потенцијална злоупотреба и манипулација со корисниците.

Зголемувањето на безбедноста на системот секогаш е повеќе од добредојдена опција. Засега Android 17 можат да го користат корисниците на новите Samsung Galaxy Z Fold8 и Samsung Galaxy Z Flip8 уреди, како и корисниците на одредени Pixel телефони.


