Има еден посебен ритам на денот на плажа во август. Термометарот оди над 35 степени, брановите во позадина го даваат точниот ритам, а ти сакаш само три работи: добро ладно кафе, омилената плејлиста и нула грижи.
Но, сите го знаеме и оној познат хаос на плажа: на екранот на телефонот ништо не се гледа од сонцето, песните ти ги прекинува ветерот и детскиот џагор до тебе, а за батеријата во дилема си дали ќе издржи до зајдисонце.
Ова лето го тестиравме новиот Samsung Galaxy S26 Ultra во пар со Galaxy Buds4 Pro на плажа. Еве како оваа дигитална двојка го менува летниот ритам.
Екран што не се плаши од пладневно сонце
Првата работа што ја забележуваш кога ќе се сместиш на плажа е дека повеќе нема потреба да правиш „сенка со рака“ или да го покриваш телефонот со крпа за да видиш кој ти пишува. Екранот на S26 Ultra има брутално добра осветленост и напреден анти-рефлексивен слој, па содржината се гледа кристално чисто, дури и кога сонцето удира директно во него. Без разлика дали средуваш фотка за на Story или листаш низ вести додека одмараш од пливање, гледањето во екранот е исто толку природно како да си во темна соба.

Екран што го гледаш само ти: Приватност на преполни плажи
Сите ја знаеме онаа ситуација кога лежалките се наредени една до друга со едвај половина метар растојание. Додека одмараш и одговараш на приватни пораки, прегледуваш мејлови или влегуваш во мобилно банкарство, сосема е природно луѓето околу тебе ненамерно да фрлат поглед кон твојот екран. Тука стапува на сцена Privacy Display технологијата на Galaxy S26 Ultra. За разлика од старите фолии што трајно го затемнуваат екранот, ова е прва хардверска заштита вградена директно во самите пиксели. Со еден клик (или автоматски за одредени апликации и нотификации), екранот ја насочува светлината само право кон тебе: за тебе сликата е совршено јасна и светла, но за секој што седи лево или десно од твојата лежалка, екранот изгледа целосно затемнет. Сега можеш опуштено да си се допишуваш без страв од љубопитни погледи од соседната лежалка.
Приватна зона на тишина: Buds4 Pro и летниот шум
Плажата е супер, ама понекогаш сакаш едноставно да се исклучиш и да го послушаш новиот албум од омилениот музички изведувач што го чуваше за одмор. Ги ставаш Galaxy Buds4 Pro во уши и тука започнува магијата.
- Hi-Fi звук без прекини: Новата генерација носи длабок бас и кристално чисти високи тонови.
- Адаптивен ANC (Поништување бучава): Напредното поништување на бучава го изолира шумот на ветерот и вревата околу тебе. Но, штом некој од друштвото ќе ти се обрати да те праша за уште еден пијалак, слушалките автоматски го препознаваат гласот и го пропуштаат, без да мораш да ги вадиш со мокри или песокливи раце.

Фотки од вода до зајдисонце (без мачење)
Сите знаеме дека фотките од плажа знаат да бидат комплицирани: непознати луѓе во позадина, чудни сенки од чадорот или премногу светлина. Со напредната камера од 200 MP и вградениот Galaxy AI, Galaxy S26 Ultra го прави целото уредување наместо тебе. Направи идеална фотка од зајдисонцето, но некој реши да прошета баш тогаш? Со еден потег, Galaxy AI го отстранува објектот од позадината без да остави никаква трага.
Батерија што не те остава на цедило: Новата, уште поефикасна архитектура на батеријата значи дека можеш цело попладне да снимаш 4K видеа, да слушаш музика преку Bluetooth и да споделуваш фајлови, а навечер пак да имаш доволно процент за излегување.
Паметни бенефити за безгрижно лето
Додека уживаш на лежалка, Samsung се погрижи за брза и едноставна миграција од твојот стар телефон, со Smart Switch. За сите што преоѓаат од друг телефон (дури и од друг оперативен систем), со едно обично скенирање на QR-код, сите податоци, пораки и eSIM картичката се префрлаат за секунди, без никакви потешкотии.
Сакаш да го почувствуваш искуството уште денес?
Ако сè уште размислуваш како функционира целата оваа магија, благодарение на Try Galaxy можеш директно на екранот од твојот моментален мобилен уред да испробаш како функционираат Galaxy AI алатките, фото-уредувањето и новиот One UI интерфејс.

Летото е прекрасно, ама со вистинските гаџети станува неповторливо. Galaxy S26 Ultra и Buds4 Pro се дефинитивно најдобриот летен тандем за оваа сезона.
Повеќе информации можете да најдете на samsung.com/mk.


