Со елегантен дизајн, професионални спортски режими и напредни функции за следење на здравјето, Honor Watch 6 е создаден за активен спортски живот
Компанијата Honor, глобален лидер во областа на екосистемот на AI уреди, ова лето ја збогати својата понуда со HONOR Watch 6. Дизајниран да им помогне на корисниците да го достигнат својот целосен здравствен потенцијал, HONOR Watch 6 е напреден паметен часовник кој беспрекорно ги обединува елегантниот дизајн со професионални спортски режими и континуирано следење на здравствените параметри. Со поддршка на најновите Honor AI технологии, тој одговара на потребите на сите кои се стремат кон оптимална физичка подготвеност, подобри спортски резултати и целокупно здравје. Honor Watch 6 е осмислен да обезбеди поддршка за тренинзи на професионално ниво.
Елегантен дизајн и прецизна изработка
HONOR Watch 6 се одликува со динамичен изглед со нагласен технолошки карактер, со впечатлив Racing Dashboard дизајн. Изработен од рециклирачка алуминиумска легура, овој уред тежи само 41 грам, со што постигнува исклучителна леснотија и висока издржливост, што го прави сигурен придружник за секојдневниот активен живот.
Надворешноста на паметниот часовник дополнително е нагласена со прецизно изработени закосени рабови, кои придонесуваат за поизразен тродимензионален визуелен ефект и совршено ги обединуваат врвните перформанси со современиот дизајн. Внимателно обработеното куќиште на часовникот дополнително поминува низ фина и прецизна техника на пескарење, која му дава луксузна текстура слична на онаа кај титаниумската легура и обезбедува исклучително пријатно чувство на допир.
Овој смел технолошки естетски израз ги следи современите трендови и носи совршен спој на дизајн со високи перформанси и врвна изработка, наменет за корисници кои го ценат квалитетот и софистицираноста.

Професионални спортски режими со исклучително долго траење на батеријата
Со повеќе од 120 спортски режими, новиот паметен часовник обезбедува сеопфатно следење на активностите, со професионална анализа достапна директно на зглобот. Особено се издвојуваат специјализираните спортски режими за активности како trail трчање, бадминтон и фудбал.
Режимот Trail Running е особено насочен кон перформансите на отворено, обезбедувајќи им на тркачите поддршка од AI тренер за трчање, детален приказ на податоците за искачувањата и поминатото растојание, како и интелигентни предупредувања во случај на отстапување од рутата, со прецизно следење преку AccuTrack системот со двопојасен GPS со висока прецизност.
За часовникот сигурно да функционира во сите услови, екранот поддржува напредна контрола на допир во услови на влага, овозможувајќи прецизно реагирање дури и кога рацете се мокри или за време на дожд.

За спортови на терен и во сала, паметниот часовник обезбедува податоци на професионално ниво, вклучувајќи ја брзината на смечот во бадминтон, следење на последователните разменети удари, како и сеопфатни мапи на движењето и траекториите во фудбалот. На тој начин, корисниците добиваат детален увид во своите перформанси и можност дополнително да ги подобрат тренингот и натпреварувачката форма.
Со IP69 заштита од вода и прашина и моќна батерија со капацитет од 980 mAh[3], паметниот часовник обезбедува дополнителна издржливост и исклучително долго траење на батеријата – до дури 35 дена[4]. Оваа автономија го прави идеален придружник за напорни тренинзи на отворено и подолги авантури, овозможувајќи им на корисниците да останат активни, со континуирано следење на активностите и без потреба од често полнење.
Интуитивно следење на здравјето
Honor Watch 6 е дизајниран напредното следење на здравјето да го направи достапно и едноставно за секојдневна употреба, со континуирано следење на клучните здравствени параметри, како што се отчукувањата на срцето, нивото на кислород во крвта, нивото на стрес и циклусот на спиење.
Со функцијата Quick Health Scan, корисниците можат да добијат сеопфатна анализа на клучните здравствени показатели и вредни информации за своето здравје во секој момент. Автоматскиот дневен извештај секое утро обезбедува практичен преглед на податоците, помагајќи им на корисниците да го започнат денот со јасен увид во својата здравствена состојба.

Функциите за целодневно следење на здравјето континуирано ги следат клучните показатели, како што се нивото на енергија, кислородот во крвта и циклусот на спиење, придонесувајќи за зачувување на физичкото и менталното здравје.
Благодарение на Honor IntelliSense системот, кој овозможува поквалитетно и порамномерно собирање на сигнали во споредба со традиционалните PPG модули, часовникот овозможува исклучително прецизно следење на отчукувањата на срцето и протокот на крв.
Функцијата Blood Pressure Trend Monitoring во заднина автоматски и континуирано го следи крвниот притисок, без потреба од рачно активирање, со што овозможува едноставно и проактивно следење на здравјето.
Паметни функции за секојдневието
За дополнителна практичност во секојдневниот живот, новиот паметен часовник е опремен со исклучително светол екран со максимална осветленост од 3.000 нити, кој овозможува јасна видливост дури и при директна сончева светлина.
Иновативниот Video Watch Face нуди дополнителни можности за персонализација, овозможувајќи им на корисниците да постават фотографии или кратки видеоснимки во траење до 10 секунди како динамична заднина.

Дизајниран за максимална ефикасност, уредот поддржува поврзување и ги обединува известувањата од два паметни телефони, додека вградениот AI диктафон автоматски креира паметни гласовни белешки и резимеа, што е практично за секојдневниот живот во движење.
Управувањето без употреба на рацете дополнително е олеснето со интуитивни движења на зглобот, кои овозможуваат исклучување на алармот, управување со повиците и менување песни без допирање на екранот.
Заокружувајќи го паметното искуство, напредната NFC интеграција поддржува Mastercard и Visa картички и овозможува едноставно секојдневно плаќање без потреба од претходно дополнување средства.


