Redmi Note 17 Pro Max пристигнува на 27 август со огромна батерија од 10.000 mAh, 100W брзо полнење и 6,83-инчен AMOLED дисплеј
Според информации од Кина, Xiaomi го најави претставувањето на новиот Redmi Note 17 Pro Max на глобалните пазари, а компанијата откри и дел од неговите клучни спецификации. Еден од најголемите адути на телефонот е неговата огромна батерија од 10.000 mAh.
Компанијата постави тизер-страница на својата глобална веб-страница, со која потврди дека серијата Redmi Note 17, вклучувајќи го и новиот Note 17 Pro Max, ќе биде претставена на 27 август.

Според официјалните информации, телефонот ќе има батерија од 10.000 mAh со поддршка за 100W жично брзо полнење.
Redmi Note 17 Pro Max ќе располага и со 6,83-инчен AMOLED дисплеј со 1.5K резолуција.
За перформансите ќе биде задолжен Snapdragon 6 Gen 5 чипсет, во комбинација со до 12 GB RAM. На задната страна ќе има главна камера од 50 MP, заедно со секундарен сензор.
Телефонот ќе нуди и IP69K сертификација за отпорност на прашина и вода, додека задниот панел ќе користи фотохромна технологија, која овозможува промена на изгледот на површината во зависност од условите на осветлување.
Со батерија од 10.000 mAh и 100W брзо полнење, Redmi Note 17 Pro Max би можел да биде еден од најинтересните модели во средната класа, особено за корисниците на кои им е важна автономијата.


