Компанијата Samsung на 27 август ќе го одржи својот Galaxy настан за август 2026 година, на кој ќе биде претставен најновиот член на семејството Galaxy S26.
Компанијата најавува уред кој е дизајниран да ги донесе клучните искуства од Galaxy S26 серијата, вклучително и напредните можности во фотографијата и вештачката интелигенција, заедно со најновата верзија на корисничкиот интерфејс One UI.

Серијата Galaxy S26 досега привлече внимание со новите функции во камерата и вештачката интелигенција, со кои Samsung има за цел да им овозможи на корисниците полесно да снимаат, создаваат и да се поврзуваат во секојдневниот живот.
Galaxy настанот ќе може да се следи во живо преку официјалната веб-страница на Samsung и YouTube каналот на компанијата. Преносот започнува на 27 август во 14:00 часот по локално време.
Samsung засега не открива повеќе детали за новиот уред, па повеќе информации се очекуваат токму за време на настанот.
Преносот во живо ќе биде достапен на:
Samsung Македонија и YouTube каналот на Samsung

