Јапонската компанија на 25 август ќе претстави нов Xperia смартфон, а според досегашните информации станува збор за Xperia 10 VIII. Спецификациите сè уште не се познати, но се шпекулира дека телефонот ќе го користи истиот чипсет како и неговиот претходник.
Sony најави претставување на нов мобилен телефон, кое ќе се одржи следната недела. Иако компанијата сè уште официјално не откри за кој модел станува збор, според досегашните информации се очекува тоа да биде Xperia 10 VIII.

Претставувањето ќе може да се следи во живо преку YouTube во вторник, 25 август, со почеток во 4 часот наутро по наше време.
Доколку Sony навистина ја претстави Xperia 10 VIII, новиот модел ќе пристигне речиси еден месец порано од својот претходник. Xperia 10 VII, инаку, беше претставена во септември минатата година.
Засега нема многу официјални информации за самиот телефон. Сепак, неодамнешниот резултат на Geekbench наведува дека Xperia 10 VIII би требало да го користи Snapdragon 6 Gen 3, истиот SoC што се наоѓа и во минатогодишната Xperia 10 VII, што значи дека во овој поглед нема да има промени.
Повеќе детали за новата Xperia би требало да бидат познати на самото претставување.

