Станува збор за едно од најмалку импресивните освежувања во последно време. Во споредба со минатогодишниот модел Xperia 10 VII, променето е многу малку, а Sony сега бара 599 евра за она што практично е минатогодишниот телефон со нов изглед.
Xperia 10 VIII има ист 6,1-инчен LTPS OLED екран како и претходникот. Станува збор за панел со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz. Sony тврди дека ја зголемил осветленоста за 50 проценти, но не ја наведува точната вредност на максималната осветленост. Во горната и долната рамка се наоѓаат познатите стерео звучници кои го насочуваат звукот кон корисникот, а сега, барем на хартија, се 30 проценти помоќни.

Sony и понатаму го користи застарениот процесор Snapdragon 6 Gen 3, кој повторно е комбиниран со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија. За среќа, отворот за SIM-картичката и понатаму поддржува microSD картички, поради што Xperia 10 VIII е дел од сè поретката група паметни телефони со можност за проширување на меморијата. Тука е и 3,5-милиметарскиот приклучок за слушалки, па нема потреба од адаптери.
На задната страна се наоѓа истата конфигурација со две камери како и минатата година, односно главна камера од 50 MP (1/1,56”) и ултраширокa камера од 13 MP. Батеријата не е унапредена и понатаму има капацитет од 5.000 mAh, со поддршка за полнење со моќност од 30 W.

Кога станува збор за софтверот, Xperia 10 VIII пристигнува со Android 16 и речиси „чист“ кориснички интерфејс на Sony, со поддршка за до четири големи надградби на оперативниот систем.
Моделот Xperia 10 VIII ќе биде достапен во боите Frozen White, Frosted Grey и Misty Lilac. Во согласност со вообичаената практика на Sony, телефонот сè уште не е достапен, а неговото лансирање на пазарот се очекува „од средината до крајот на септември“.


