Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција
Компанијата Samsung денес објави дека ќе воспостави производна линија за HVAC системи за греење, вентилација и климатизација на FläktGroup во Јужна Кореја, со цел да одговори на брзо-растечкиот пазар за решенија за греење, вентилација и климатизација, вклучително и преку производство на напредни решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција.
Компанијата планира да инвестира приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари) за изградба на производна линија за HVAC системи со површина од 21.500 m² во производствениот комплекс на компанијата во Гвангжу, Јужна Кореја. Новата производна линија се очекува да започне со работа по завршувањето на изградбата во 2028 година. Во неа ќе се произведуваат HVAC производи на FläktGroup, која компанијата Samsung ја презеде минатата година.

„Аквизицијата на FläktGroup од страна на Samsung минатата година нè става во уникатна позиција да го прошириме бизнисот со решенија за греење, вентилација и климатизација и да го трансформираме во нов двигател на раст, со цел да станеме глобална компанија од највисока класа до 2030 година.“, изјави Чолги Ким, Извршен потпретседател и раководител на бизнисот за дигитални уреди (DA) во Samsung Electronics. „Оваа инвестиција во новата производна линија во Јужна Кореја ќе претставува цврста основа за остварување на оваа цел.“
FläktGroup неодамна инвестираше во проширување на своите производствени капацитети, кои наскоро ќе започнат со работа, преку Project GAGAN, нов производствен капацитет во Пуне, Махараштра, Индија. Со глобална мрежа од 14 производствени капацитети, компанијата активно ги снабдува клучните пазари, вклучувајќи ги САД, Европа и Индија.

Заедно со FläktGroup, Samsung ќе го искористи воспоставувањето на производната линија во Гвангжу, која ќе биде негов 15-ти производствен капацитет во светот, како стратешка основа за целосно проширување на присуството на корејскиот пазар.
Samsung планира да снабдува HVAC објекти и инфраструктура во различни индустриски сектори во Јужна Кореја, со особен фокус на зголемената побарувачка за дата-центри за вештачка интелигенција. За таа цел, компанијата ќе произведува напредни HVAC производи, вклучително и напредни решенија за ладење на дата-центрите за вештачка интелигенција.

Дејвид Дорни, Извршен директор на FläktGroup, изјави: „Со комбинирање на експертизата на Samsung во областа на вештачката интелигенција, со можностите на FläktGroup во производството на HVAC системи, ќе бидеме во позиција да станеме претпочитан HVAC партнер во Јужна Кореја и низ Азија.“


