Видеото ги прикажува очекуваните карактеристики на претатојниот iPhone на преклоп, чија премиера Apple ќе ја одржи на 9 септември.
Ново видео со концепт направено од обожавател, кое го прикажува наводниот преклопен iPhone на Apple, кружи онлајн неколку недели пред компанијата да се очекува да го претстави уредот на својот годишен есенски настан.
Видеото го креираше дизајнерот Gunhoo Lee, со цел реалистично да прикаже како би можело да изгледа краткото претставување на iPhone Ultra. Во него се прикажани 7,8-инчен внатрешен дисплеј, автентикација со Touch ID, механичка шарка, систем со две батерии и чип A20. Прикажаните карактеристики и спецификации во голема мера се совпаѓаат со информациите што со месеци се појавуваат во повеќе независни гласини.

Преклопниот iPhone на Apple ќе биде претставен на медиумскиот настан најавен за 9 септември, заедно со iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, што значи дека вистинското видео од премиерата не е далеку.


