Американските градови забрзано ги исклучуваат AI камерите на Flock Safety за автоматско читање регистарски таблички поради стравувањата од масовно следење и злоупотреба на податоците.
Технологијата која започна како релативно едноставен систем за автоматско читање регистарски таблички, сè повеќе прераснува во дебата за тоа колку далеку градовите смеат да одат во масовното следење на движењето на луѓето.
Според податоците што ги пренесува Ars Technica, дури 93 американски градови и окрузи во текот на август ги раскинале договорите со компанијата Flock Safety. Од почетокот на 2026 година, бројот на раскинати соработки достигна 165, додека од 2021 година од системот се повлекле повеќе од 200 локални администрации.

Причините вклучуваат страв од неконтролиран надзор, споделување на податоците со други институции, високите трошоци, како и конкретни случаи на полициска злоупотреба.
Проблемот не е една камера, туку мрежата
Автоматската камера за читање регистарски таблички сама по себе не е нова технологија. Големата промена настанува кога илјадници такви камери ќе се поврзат во централизирана cloud платформа, а податоците потоа можат да се пребаруваат низ различни градови и сојузни држави.

Screenshot

Flock отиде чекор понатаму со примена на AI функции кои можат да анализираат обрасци на движење, описи на возила и други карактеристики од снимките. Токму тука класичната камера станува систем за масовно следење.

