Motorola го претстави Edge 70 Plus, нов модел од повисоката средна класа кој се обидува дел од карактеристиките на flagship телефоните да ги донесе во значително подостапен сегмент.
Motorola го претстави Edge 70 Plus, нов модел од повисоката средна класа кој се обидува дел од карактеристиките на премиум телефоните да ги пренесе во значително подостапен сегмент. Најголемо внимание привлекува главната камера од 200 MP со оптичка стабилизација, Pantone Validated обработка на боите и можност за снимање 4K видео. Motorola користи и предна камера од 32 MP, додека дополнителниот макро-модул е значително поскромен.
Голема батерија без претерано гломазен телефон
Edge 70 Plus користи батерија со капацитет од 6.500 mAh и поддржува 45 W TurboPower брзо полнење. Motorola наведува до 61 час работа во својот комбиниран тест, иако реалната автономија, се разбира, зависи од начинот на користење.

Телефонот ја користи платформата Snapdragon 7s Gen 3 и има 6,78-инчен Super HD екран, со quad-curved дизајн и заштита Gorilla Glass 7i.
Особено интересен е режимот Bypass Charging, наменет за гејминг. Кога батеријата ќе го достигне избраниот процент, уредот може енергијата директно да ја користи од полначот, со што се намалува загревањето на батеријата.

Motorola со Edge 70 Plus се обидува да создаде уред кој не е само „телефон со камера од 200 MP“, туку комплетен модел за средно-премиум сегментот.

