Челните луѓе на Apple сметааат дека сега е вистинскиот момент за преклопен iPhone, бидејќи Duo комбинира нов хардвер, софтвер и дизајн во уред што ги исполнува строгите стандарди на компанијата.
По овонеделниот настан на Apple, новиот извршен директор на компанијата, Џон Тернус и потпретседателот за маркетинг, Грег Џозвиак дадоа интервју во кое зборуваа повеќе за iPhone 18 Pro и iPhone Duo.
Во интервјуата за Tom’s Guide и TechRadar, Тернус и Јосвиак објаснија зошто Apple одлучил токму сега да влезе на пазарот на преклопни смартфони. Тернус зборуваше и за своите чувства по првата недела на функцијата извршен директор на Apple.

На прашањето зошто Apple сметал дека токму сега е вистинското време за претставување на iPhone Duo, Тернус објасни:
„За нас секогаш станува збор за тоа кога ќе почувствуваме дека имаме идеја за производ што ги исполнува нашите стандарди за квалитет и издржливост, но и за дизајн. Она што според мене е особено неверојатно кај Duo е тоа што тој е одличен пример за тоа како хардверот и софтверот се обединуваат за да создадат нешто навистина посебно.
За нас тоа беше неискористен простор полн со можности, бидејќи имавме можност повторно да осмислиме многу различни работи. И мислам дека тоа се гледа во хардверот, софтверот и дизајнот. Сè некако се вклопи и почувствувавме дека тоа е вистинскиот производ.“
Џозвијак, пак, додаде дека она што Apple го гледал од другите производители на смартфони на полето на преклопните уреди „не било особено инспиративно“.

„Ако сте виделе што се нуди на пазарот, не станува збор само за површини од пластика што оставаат евтин впечаток – не се пријатни на допир, а и се брановидни и набрани“, додаде Тернус, осврнувајќи се на дисплеите на конкурентските преклопни телефони.“
Тернус беше прашан и за моментот кога првпат дознал дека ќе биде извршен директор на Apple:
„Тоа е неверојатно, каква извонредна привилегија, нели? Реалноста е дека едноставно го сакам ова место. Тоа е во мојата крв. Тука сум половина од мојот живот. Ги сакам луѓето со кои работам. Сакам да можам да ги создавам производите што сите заедно ги создаваме. И затоа чувството беше неверојатно, со многу возбуда и, да, навистина, навистина сум возбуден за иднината.“
Двата дела од интервјуто можете да ги погледнете подолу.

