Samsung би требало да ги претстави Galaxy Tab S12+ и Galaxy Tab S12 Ultra на 7 октомври. Во меѓувреме протекоа и европските цени, кои за најскапата верзија достигнуваат речиси 1.900 евра.
Samsung би требало да ги претстави своите нови флегшип таблети, Galaxy Tab S12+ и Galaxy Tab S12 Ultra, пред крајот на годинава. Точниот датум на претставувањето досега не беше познат, а иако се очекуваше дека ќе пристигнат заедно со Galaxy S26 FE, тоа на крајот не се случи.
Според информациите на познатиот дојавувач Evan Blass, Samsung ќе ја претстави серијата Galaxy Tab S12 на 7 октомври, односно за нешто повеќе од три недели.
Бројните досегашни протекувања сугерираат дека новите таблети практично се подготвени за пазарот и дека ги поминале потребните сертификации. Поради тоа, не е познато зошто Samsung одлучил да го одложи нивното претставување. Да потсетиме, Galaxy Tab S11 и Tab S11 Ultra беа претставени на почетокот од минатиот септември, заедно со Galaxy S25 FE.

Што се однесува до спецификациите, Galaxy Tab S12 Ultra веќе се појави на Geekbench со чипсетот MediaTek Dimensity 9500, а се очекува истиот SoC да го користи и Galaxy Tab S12+.
Кога станува збор за дизајнот, протечените рендери покажуваат дека нема да има поголеми промени во однос на актуелната генерација.
Ultra моделот би требало да има 14,6-инчен дисплеј, додека Galaxy Tab S12+ ќе добие 12,4-инчен екран. Наводно, Samsung годинава нема да понуди стандарден 11-инчен Galaxy Tab S12, слично како што минатата година немаше Plus модел.
Капацитетот на батеријата кај Galaxy Tab S12 Ultra би требало да остане непроменет и да изнесува 11.600 mAh, со поддршка за брзо полнење со моќност од 45 W.

Galaxy Tab S12+, пак, би можел да добие батерија со поголем капацитет во споредба со Tab S10+, но засега не е познато за која точно бројка станува збор.
Познатиот leaker Roland Quandt неодамна ги објави и наводните европски цени.
Се очекува основниот Galaxy Tab S12+ со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање, во Wi-Fi верзија, да чини 1.299 евра, додека моделот со 512 GB меморија би чинел 1.499 евра.
За 5G верзиите, наводно, ќе треба да се издвојат 1.449, односно 1.649 евра.
Galaxy Tab S12 Ultra би требало да биде уште поскап. Основниот Wi-Fi модел со 12 GB RAM и 256 GB меморијанаводно ќе чини 1.539 евра, додека верзијата со 512 GB ќе чини 1.739 евра.
За 5G моделите се споменуваат цени од 1.689 и 1.889 евра.
Тоа значи дека најскапата верзија на Galaxy Tab S12 Ultra би можела да има цена од речиси 1.900 евра.

