По неколкуте најави, конечно е откриен дизајнот на претстојниот модел Realme 16 Pro Harry Potter Edition. Ова е втора соработка на компанијата Realme со Warner Bros. на паметен телефон.
Realme 16 Pro Harry Potter Edition ќе биде претставен во Индија на 21 септември, а во официјалното соопштение за медиумите компанијата наведува дека специјалната верзија на смартфонот ќе има заден панел со текстура на кожа во кафена боја и Argyle дезен. Во средината на задната страна ќе се наоѓа и грбот на Хогвортс.

Во меѓувреме, декоративниот елемент околу задните камери на Realme 16 Pro Harry Potter Edition ќе има дизајн што треба да ги потсетува корисниците на Хедвиг, бувот на Хари Потер. Покрај тоа, металната рамка ќе биде украсена со слоганот „Welcome to Hogwarts“.
Realme со уредот ќе понуди и подарочна кутија од ограничена серија, со мотиви од Хогвортс. За целиот свет ќе бидат произведени само 5.000 примероци, а наводно станува збор за реплика на ковчегот на Хари Потер во размер 1:1.

Подарочната кутија вклучува писмо за прием во Хогвортс, билет за воз, обележувачи за книги со грбовите на Хогвортс, разгледници со ликови, маска за телефонот со релјефно лого на Хогвортс и игла за телефон.
Кога станува збор за спецификациите, Realme 16 Pro Harry Potter Edition ќе биде идентичен со стандардниот модел Realme 16 Pro.

