iPhone 18 Pro Max достигнува 50 отсто за само 15 минути и до 100 отсто за 55 минути, со максимална моќност на полнење од 52 W.
iPhone 18 Pro Max се полни побрзо од кој било друг iPhone досега. Според новата објава на Ice Universe на социјалната мрежа X, уредот од 0 до 50 отсто наполнетост на батеријата стигнува за само 15 минути. Тоа всушност е времето што Apple го наведе и при претставувањето на уредот.
Новиот iPhone 18 Pro Max за само 10 минути достигнува 34 отсто наполнетост на батеријата, додека 100 отсто покажува по 55 минути. Сепак, целосното полнење завршува дури по 76 минути. Во тестот на неговиот претходник, GSM Arena наведе дека iPhone 17 Pro Max по 15 минути достигнувал 38 отсто, додека 100 отсто покажувал по 72 минути. Тој достигнувал максимална моќност на полнење од 35 W, додека iPhone 18 Pro Max наводно може да достигне 52 W.

Ова не е целосно изненадување, бидејќи iPhone 18 Pro Max има поголема батерија од iPhone 17 Pro Max, а користи и чип изработен со 2-нанометарски процес, кој би требало да биде поефикасен. Сепак, убаво е да се види дека Apple му дава поголем приоритет на брзото полнење по многу години во кои тоа воопшто не беше случај.
За споредба, Galaxy S26 Ultra по 15 минути достигнува 51 отсто наполнетост, но му се потребни само 43 минути за батеријата да се наполни до 100 отсто, што значи дека сè уште е побрз. Од друга страна, тој полни помала батерија во споредба со онаа што го напојува iPhone уредот.

