FE е кратенка за „Fan Edition“ (издание за фановите), а самото име многу кажува за идејата што стои зад него. Кога Samung го претстави Galaxy S20 FE во 2020 година, го опиша уредот како спој на иновациите што фановите на Galaxy најмногу ги сакаат, по подостапна цена. Шест години подоцна, Galaxy S26 FE – најновиот член на семејството Galaxy S26 – го продолжува истиот пристап со Galaxy AI, One UI 9 и нови можности на камерата.
Во време кога цените на компонентите растат, таа рамнотежа помеѓу карактеристиките и цената е уште поважна. Galaxy S26 FE е веќе достапен и ги нуди клучните можности на серијата Galaxy S во подостапно издание.

Моментот е поважен од кадарот
Снимките што на крајот ги задржуваме често настануваат во ситуации кога нема време сè совршено да се намести. На концерт, изведувачот се движи од едната на другата страна на сцената, текот на играта на натпревар се менува за неколку секунди, а додека патуваме, често снимаме во движење.
Лицето што се снима ретко останува точно на истото место каде што било на почетокот на снимањето. Функцијата My FanCam го следи избраното лице, го задржува во центарот и го прилагодува кадарот додека тоа се движи, помагајќи фокусот да остане таму каде што треба, дури и кога околу него се случуваат многу работи.
Истото важи и кога лицето што го држи телефонот е она што се движи. Функцијата Super Steady со хоризонтално заклучување помага снимката да биде постабилна и порамна при одење, патување или во други ситуации кога не е секогаш лесно телефонот да се држи потполно мирно.
Што се однесува до фотографијата, Galaxy S26 FE нуди главна камера од 50 MP, 3x оптички зум и технологијата Nightography за услови со слаба осветленост. Предната камера од 12 MP опфаќа поголем дел од сцената во кадарот, што ја прави особено корисна за групни фотографии. А откако ќе се направи фотографијата, алатката Photo Assist овозможува дополнително уредување со помош на команди напишани со природен јазик.

За остатокот од денот
Сепак, поголемиот дел од денот ги користиме телефоните за работи што никогаш не завршуваат во Галеријата: пораки, мапи, видео, музика и работа. Токму тука екранот и батеријата се поважни од бројот на камери. Galaxy S26 FE располага со 6,7-инчен Dynamic AMOLED 2X екран со стапка на освежување до 120 Hz и батерија со типичен капацитет од 4.900 mAh.
Со One UI 9, функциите со вештачка интелигенција (AI) се прошируваат надвор од фотографирањето, помагајќи да се елиминираат непотребните чекори и да се поедностават секојдневните задачи.
Да или не? Ако сè уште се двоумите…
Try Galaxy им овозможува на корисниците да ги истражат One UI, Galaxy AI и други клучни функции на телефонот што веќе го користат, пред да одлучат дали да се префрлат на нов уред.
А штом Fan Edition е создаден врз основа на она што фановите најмногу го сакаат, можеби најдобриот тест за Galaxy S26 FE е токму ова: кои од неговите функции би можеле брзо да ви станат омилени?

