Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк.
Настанот е дел од континуираните напори за поврзување на македонскиот и американскиот бизнис сектор на највисоко ниво, а Пантелеон ГС Скопје јаорганизираше во соработка со Ѓорев Холдинг.
„Ме радува што македонска компанија може да биде дел од настан на вакво ниво. Ваквите деловни врски не се градат преку ноќ, но токму ваквите средби отвораатпростор за поголемо присуство на македонските компании на американскиот пазар“, изјави Блажо Ѓорев, основач на Ѓорев Холдинг.
На средбата се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, предпретставниците на американската деловна заедница.

Учеството на македонска компанија како ко-домаќин на настан од ваков ранг гопотврдува растечкото значење на македонскиот бизнис во поврзувањето на дветеекономии.
BCIU е основан во 1955 година како иницијатива на Белата куќа и претседателот ДвајтАјзенхауер. Денес, организацијата обединува повеќе од 200 компании, меѓу кои и голем број компании од Fortune листата, и претставува платформа на која водечкипретставници на глобалниот бизнис се среќаваат со шефови на држави и влади, како и со лидери на меѓународни компании.

За Пантелеон ГС Скопје
Пантелеон ГС Скопје е компанија специјализирана за аутсорсинг на деловни процесиза компании на американскиот пазар, со фокус на транспортната и логистичкатаиндустрија. Тимовите на компанијата обезбедуваат поддршка во финансии, сметководство, факторинг, лизинг, осигурување и контролинг, овозможувајќи им напрофесионалци од Македонија да градат меѓународна кариера од својата земја.

За Ѓорев Холдинг
Ѓорев Холдинг е приватна група компании со присуство од двете страни наАтлантикот, активна во финансии, мобилност, логистика, градежништво и оперативниуслуги. Групата обединува повеќе самостојни компании во САД и Македонија подзаедничка стратегиска насока, поддржувајќи го нивниот раст, соработка и меѓусебнаповрзаност. Основач и извршен директор е Блажо Ѓорев.

