OnePlus 16 ќе биде достапен во три бои и до 16 GB RAM и 1 TB простор, а потврдено е и дека ќе поддржува стапка на освежување од 165 Hz
Иако сè уште нема официјален датум за претставување на OnePlus 16, компанијата сега целосно го откри дизајнот на претстојниот премиум модел, достапните бои, како и конфигурациите со RAM и простор за складирање. Телефонот веќе може да се резервира однапред во Кина.
OnePlus 16 во голема мера ќе личи на својот претходник, OnePlus 15, но ќе биде достапен во нови бои.
OnePlus потврди дека телефонот ќе се нуди во три варијанти: Dark Forest, со црна завршница, Mars Masterpiece, во светлопортокалова боја, и Tomorrow Starlight, во сива боја. Портокаловата и Starlight варијантата ќе имаат уникатна шара на задниот панел.

Во Кина, OnePlus 16 ќе биде достапен во конфигурации со 12 GB RAM и 256 GB простор, 12 GB RAM и 512 GB простор, 16 GB RAM и 512 GB простор, како и 16 GB RAM и 1 TB простор.
Заинтересираните купувачи веќе можат да го резервираат телефонот однапред преку официјалната онлајн продавница на OnePlus.

OnePlus сè уште не ги откри клучните спецификации на телефонот, но потврдено е дека OnePlus 16 ќе поддржува системска стапка на освежување од 165 Hz.
Според досегашните гласини, телефонот би требало да го користи чипсетот Snapdragon 8 Elite Gen 6 Pro, а на задната страна би можел да има главна камера од 200 MP. Се очекува и батерија со капацитет од 9.000 mAh, како и 6,78-инчен AMOLED дисплеј.

