Vivo X500 Pro Max носи 200 MP перископ камера, 8.000 mAh батерија и Dimensity 9600 Pro чипсет, додека сите три модели нудат 144 Hz 2K AMOLED дисплеи
Серијата vivo X500 сега е официјална и ја сочинуваат три модели, при што X500 Pro Max се наоѓа на врвот на понудата. X500 Pro и X500 Pro Max се првите телефони што доаѓаат со предводничкиот чип Dimensity 9600 Proна MediaTek, додека стандардниот vivo X500 го користи Dimensity 9600M, кој во суштина е преименувана верзија на минатогодишниот Dimensity 9500.

Камерите се во фокусот
Токму камерите се она по што серијата X500 се издвојува, па токму на нив прво ќе се фокусираме. vivo X500 Pro и X500 Pro Max имаат прилагодена главна камера од 50 MP, со еквивалентна фокусна должина од 24 mm, која го користи сензорот Sony LYTIA L910 (1/1,28 инчи), развиен во соработка со vivo. Камерата и понатаму нуди Zeiss T* облога и има фиксна бленда f/1.57, со динамички опсег до 17 EV.
Главната камера на X500 Pro Max има OIS стабилизација од 3 степени, на ниво на гимбал, додека камерата на X500 Pro има стабилизација од 1,5 степени. X500 Pro Max има и перископс телефото камера од 200 MP, со еквивалентна фокусна должина од 85 mm. Таа користи Samsung ISOCELL HP0 сензор од 1/1,4 инчи и нуди стабилизација на професионално ниво со оценка CIPA 7.0.

X500 Pro, пак, добива прилагоден телефото сензор од 64 MP, развиен од vivo и Sony, со LYTIA 610 сензор (1/2,0 инчи) и еквивалентна фокусна должина од 85 mm. Тој ја нуди истата OIS стабилизација како Pro Max.
Двата Pro модели ја поддржуваат и опционалната 400 mm Zeiss Telephoto Extender Gen 2 Ultra.
Тие исто така ја делат истата ултраширока камера од 50 MP со ISOCELL JN5 сензор (1/2,75 инчи) и еквивалентна фокусна должина од 15 mm.
Стандардниот X500 има главна камера од 50 MP LYTIA 828 (1/1,28 инчи), со еквивалентна фокусна должина од 23 mm, телефото камера од 64 MP со еквивалентна фокусна должина од 72 mm и ултраширока камера од 50 MP со ISOCELL JN1 сензор.

Моќни видео можности
Но серијата не е фокусирана само на фотографирање. X500 Pro и X500 Pro Max нудат напредни можности и за снимање видео.
Двата модели поддржуваат 4K видео со 240 fps за кинематографско забавено снимање, додека X500 Pro Maxможе да снима и 8K видео со 30 fps.
Pro моделите можат да снимаат и 10-битно видео со 4:2:2 кодирање, како и поддршка за системот за управување со бои ACES (Academy Color Encoding System).

2K AMOLED дисплеи со 144 Hz
Двата Pro модели имаат LTPO AMOLED дисплеи со 2K резолуција и стапка на освежување од 144 Hz.
X500 Pro има помал дисплеј со дијагонала од 6,36 инчи, додека Pro Max има голем панел од 6,85 инчи. И двата користат BOE Q11 дисплеи и нудат максимална осветленост до 4.500 нити.
Стандардниот X500 се наоѓа меѓу нив со 6,59-инчен AMOLED дисплеј, исто така со 2K резолуција и 144 Hz, но со нешто пониска максимална осветленост од 4.000 нити.
Батерии до 8.000 mAh
Кога станува збор за останатите спецификации, X500 Pro Max добива силикон-јаглеродна (Si-C) батерија со огромен капацитет од 8.000 mAh.
X500 Pro има батерија од 6.510 mAh, додека X500 располага со капацитет од 7.500 mAh.
Сите три телефони поддржуваат 90W жично и 40W безжично полнење. Исто така, сите имаат IP68 и IP69сертификати за заштита од вода и прашина и користат OriginOS 7, базиран на Android 17.
Цена и достапност
vivo X500 е достапен во бела, сива и црна боја. Почетната цена за верзијата со 12 GB RAM и 256 GB просторизнесува 5.499 јуани (821 долар).
X500 Pro и X500 Pro Max се достапни во бела, сива, црна и портокалова боја.
X500 Pro започнува од 6.499 јуани (970 долари), додека X500 Pro Max има почетна цена од 6.999 јуани (1.045 долари).
Продажбата во Кина ќе започне на 24 септември. Vivo засега не објави детали за евентуално глобално претставување на серијата.

