На првиот ден од AI Tech Summit „Filip Avramchev“ 2026, во рамки на панелот AI Labs, Наташа Божиновска Миркова, Managing Director на Represent Communications Skopje, одржа презентација насловена „From Search Results to AI Answers: Winning the New Brand Battlefield“, во која зборуваше за тоа како вештачката интелигенција веќе го менува начинот на кој брендовите стануваат видливи, цитирани и препорачани.
Нов слој на конкуренција
Со години, дигиталната видливост се мереше преку позицијата на Google – колку повисоко се наоѓа брендот во резултатите, толку поголема шанса имал да биде избран. Денес тоа веќе не е доволно. Корисниците сè почесто добиваат одговор директно од AI системи – Google AI Overviews, AI Mode, ChatGPT, Perplexity, Copilot, Gemini – пред воопшто да кликнат на кој било линк.
Тоа значи дека дел од одлуката на потрошувачот се формира порано, надвор од сопствениот сајт на компанијата: AI веќе може да сумира цела категорија, да спореди конкуренти, да препорача добавувач или да го протолкува угледот на некој бренд, и тоа пред првиот клик. Овој простор, во кој корисникот не посетил ниту еден сајт, а AI веќе влијае на неговата перцепција, стручно се нарекува „AI dark funnel“.

Четири прашања што секој бренд треба да си ги постави
Наместо само да се прашуваат дали се рангирани добро на Google, брендовите денес треба да одговорат на четири поинакви прашања:
- Дали AI разбира кои сме и што правиме?
- Дали нè поврзува со вистинските теми?
- Дали нè споредува фер со конкуренцијата?
- Дали користи извори што ја потврдуваат нашата позиција?
За да „разбере“ еден бренд, AI не гледа само една страница, тој составува слика од повеќе сигнали одеднаш: јасно дефиниран ентитет (кои сте и што работите), структурирана содржина што лесно се извлекува, темска авторитетност, потврда од трети страни (медиуми, експерти, партнери, reviews) и конзистентна нарација низ сопствените, заработените и надворешните извори.
SEO останува основа, но повеќе не е доволен
Класичниот SEO не исчезнува. Индексирана содржина, техничка достапност, квалитет и усогласеност со правилата на Google и понатаму се темел. Но за видливост во AI одговорите се потребни дополнителни елементи: одговори на комплексни прашања, извори што лесно се цитираат, конзистентна нарација и структура што AI може лесно да ја разбере и искористи.
Затоа се појавуваат нови дисциплини – AEO (Answer Engine Optimization) и GEO (Generative Engine Optimization), кои работат рака под рака со класичниот SEO и дигиталниот PR, со цел брендот да не биде само пронајден, туку и цитиран, точно претставен и препорачан во одговорите генерирани од AI.

Зошто ова е значајно за компаниите
Кога AI „препорачува три опции“, целта е брендот да биде една од нив. Патот до одлука станува пократок бидејќи AI одговорите го прескокнуваат кликот, а ако не сте дел од одговорот, како да не сте дел ни од разгледувањето. Барањата упатени кон AI системите честопати се со повисока намера (споредби, кратки листи на избор), што значи и поквалитетни лидови. И конечно, точното присуство во AI одговорите значи и поголема контрола врз сопствената нарација и репутација.
Услугата AIEO на Represent Communications Skopje
Во оваа област, Represent Communications Skopje ја развива и нуди услугата AI Engine Optimization – AIEO, која ги поврзува SEO, AEO, GEO и дигиталниот PR во единствен пристап.
Процесот започнува со анализа на тоа како AI системите моментално го разбираат и претставуваат брендот, кои извори ги користат и каде постојат празнини во содржината, авторитетот и дигиталното присуство. Целта е брендот да биде не само пронајден, туку и точно претставен, цитиран и присутен во релевантни AI одговори.

