Новите паметни очила на Meta носат micro OLED екрани, Dolby Vision и Meta AI, додека Ray-Ban Meta Audio се фокусираат исклучиво на аудио без вградена камера.
Meta ги претстави новите памаетни очила за виртуелна реалност наречени Meta VR Glasses, како и своите први Ray-Ban Meta Audio очила без камери, наменети исклучиво за репродукција на звук.
Meta VR Glasses користат систем составен од два дела. Во очилата се наоѓаат екранот и сензорите, додека поврзаниот уред во форма на мал модул ги презема компјутерските задачи и во себе има меморија и батерија. Очилата со овој уред се поврзуваат преку оптички кабел.

Meta VR Glasses
Благодарение на ваквиот дводелен дизајн, самите очила тежат само 100 грама. Опремени се со micro OLED екрани со резолуција од 5K и густина од 37 пиксели по степен, а поддржуваат и Dolby Vision.
Рамката на очилата содржи звучници кои поддржуваат просторен звук Dolby Atmos. Meta го интегрирала и својот Meta AI асистент во оперативниот систем. Вградените сензори им овозможуваат на корисниците да управуваат со очилата со движења на очите и гестови со рацете.

Meta VR Glasses
Meta VR Glasses ги придвижува неодамна претставениот Snapdragon Reality Elite чипсет, а компанијата тврди дека во комбинација со поврзаниот модул овозможуваат до три часа користење. Модулот поддржува и брзо полнење со моќност од 45 W.
Очилата за виртуелна реалност имаат IMAX Enhanced сертификат и поддржуваат 3D филмови, како и игри преку услугата Xbox Cloud Gaming.
Meta VR Glasses ќе ја имаат и функцијата Hologram Calling, за која се тврди дека за време на видеоповик може да создаде фотореалистичен приказ на корисникот, вклучувајќи ги изразите на лицето и реакциите во реално време.

Meta VR Glasses ќе бидат достапни напролет 2027 година, со почетна цена од 1.299 долари во САД. Покрај VR очилата, Meta ги претстави и своите први паметни очила без камери – Ray-Ban Meta Audio.
Новите очила, наменети исклучиво за репродукција на звук, тежат 43 грама, а според компанијата овозможуваат до 12 часа користење со едно полнење, односно до 48 часа со користење на куќиштето за полнење.

Ray-Ban Meta Audio
Паметните очила ќе бидат достапни во 23 комбинации на бои и леќи, во новите стилови Clubmaster и Burbank. Ray-Ban Meta Audio очилата чинат 349 долари, а во продажба ќе бидат достапни од 13 октомври.

