iPhone 18 Pro серијата и новите Apple Watch модели официјално станаа достапни на македонскиот пазар, додека наскоро се очекува и првиот преклопен телефон на Apple.
По светската премиера и периодот на преднарачки, iPhone 18 Pro серијата телефони и официјално е во продажба во Mакедонија. iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, заедно со новиот Apple Watch Ultra 4 и новата Apple Watch серија 12, веќе пристигнаа, а се очекува наскоро во продажба да биде пуштен и првиот преклопен телефон на Apple – iPhone Duo.
Новата генерација Pro модели не носи големи промени во дизајнот, освен новите бои, меѓу кои најмногу се издвојува Burgundy нијансата. Портокаловата боја, која беше најпопуларна кај претходната генерација на iPhone, веќе не е достапна.


Подобрени камери и помоќен чип
Унапредувањата кај двата модели, кои инаку се разликуваат само по големината на екранот, се највидливи кај системот на камери, како и кај новиот и помоќен чип.
Главната Fusion камера од 48 MP сега има и приспособлива бленда, овозможувајќи им на корисниците поголема контрола врз фотографиите и видеоснимките, додека iPhone 18 Pro Max овозможува до 30 часа користење со едно полнење.


Двата модели ја носат и новата предна камера Center Stage од 18 MP, која овозможува пофлексибилно кадрирање. Чипот A20 Pro, во комбинација со унапредениот систем за ладење, носи дополнителни перформанси за барачки задачи, игри и AI-функции.
Екрани и бои
Новиот iPhone 18 Pro има 6,3-инчен, а iPhone 18 Pro Max има 6,9-инчен Super Retina XDR екран, со технологија ProMotion со стапка на освежување до 120 Hz.
Двата модели се достапни во четири бои: Black, Silver, Glacier и Burgundy, а имаат алуминиумско куќиште изработено од едно парче, со Ceramic Shield заштита на предната и задната страна.

Ова се цените на iPhone 18 Pro Max во Македонија
- iPhone 18 Pro Max со 256 GB – 103.990 денари
- iPhone 18 Pro Max со 256 GB – 120.490 денари
- iPhone 18 Pro Max со 1 TB – 152.990 денари
- iPhone 18 Pro Max со 2 TB – 201.990 денари
Кога станува збор за iPhone 18 Pro, цените се следни:
- iPhone 18 Pro со 256 GB – 94.290 дeнари
- iPhone 18 Pro со 512 GB – 110.990 дeнари
- iPhone 18 Pro со 1 TB – 143.590 денари
- iPhone 18 Pro со 2 TB – 191.990 денари

