Ексклузивна видео рецензија на новите смартфони од новата Redmi Note 17 Pro серија на Xiaomi – Redmi Note 17 Pro и Redmi Note 17 Pro Max
Веб-порталот за технологија, иновации и бизнис Конект.мк е единстениот медиум во Македонија, кој сними ексклузивна и детална видео рецензија на новата Redmi Note 17 Pro серија, која ја сочинуваат новите смартфони Redmi Note 17 Pro и Redmi Note 17 Pro Max.
![]()
Кога Xiaomi прв пат ја претстави Redmi Note серијата, идеја беше прилично едноставна – да се понуди што е можно повеќе од она што вообичаено го очекуваме од смартфоните во оваа ценовна категорија. Со текот на годините, сепак, Note серијата значително се промени и од линија која првенствено се потпира на односот меѓу цената и спецификациите, постепено прерасна во сериозно семејство на смартфони со AMOLED дисплеи, напредни камери, брзи процесори и дизајн кој сè потешко може да се нарече типичен за средната класа.

Новите Redmi Note 17 Pro и Redmi Note 17 Pro Max се можеби најдобар пример за таа трансформација, бидејќи Xiaomi овојпат не се обидува само да додаде уште една генерација на добро познатата формула, туку ја поместува границата во една област која за секојдневното користење е многу поважна отколку што понекогаш изгледа – автономијата.


Причината за тоа е батеријата, која кај оваа генерација добива навистина импресивни размери. Redmi Note 17 Pro доаѓа со батерија од 8.340 mAh, додека Pro Max има 9.210 mAh, а на одредени пазари дури и неверојатни 10.000 mAh. Во време кога кај повеќето модерни смартфони веќе сме навикнати на капацитети од околу 5.000 mAh, овие бројки звучат речиси нереално, но зад нив стои многу конкретна идеја – да добиете телефон кој може да помине низ интензивен ден, а притоа батеријата да не биде постојано нешто за што треба да размислувате.

Секако, големата батерија сама по себе не го прави еден смартфон комплетен производ, па затоа во оваа рецензија ќе видиме како се вклопуваат екранот, камерите, перформансите, издржливоста, полнењето и новиот HyperOS 3 со вештачката интелигенција во целата приказна.

