Eнергетската ефикасност, паметните решенија во домот и канцеларијата, како и иновативните технолошки решенија кои придонесуваат кон подобар квалитет на живот ќе бидат во фокусот на овогодишниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со сите расположливи паметните домашни системи, кои ги поврзуваат контролата на осветлувањето, греењето и ладењето, безбедноста, аудио-визуелната опрема и другите уреди во една целина. Да се информираат како тие придонесуваат кон поголема контрола, безбедност и заштеда на енергија во домот, и колку е едноставно, но практично нивното автоматско приспособување кон навиките и потребите на корисниците.
Енергетската ефикасност не значи откажување од удобноста, туку паметно користење на енергијата со помала потрошувачка и пониски трошоци. Дека со соодветна изолација, ефикасни системи за греење и ладење и автоматизирано управување со уредите, домот може да стане поекономичен, поудобен и поодржлив.

Токму ваквите практични решенија и технологии ќе бидат во фокусот на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026, што од 29 до 31 октомври ќе се одржи во Т Арената – С.Ц. „Борис Трајковски“ во Скопје. Саемот ќе ги обедини на едно место идеите и иновациите што го менуваат начинот на кој живееме, работиме и управуваме со енергијата.
Меѓу компаниите што ќе ги претстават своите иновативни решенија е и Energy Intelligence, специјализирана за современи паметни технологии и интегрирани системи приспособени на потребите на корисниците. Со спојување на техничка експертиза и пристап насочен кон клиентите, оваа компанија ќе презентира решенија што ја оптимизираат потрошувачката, ја зголемуваат ефикасноста и создаваат поудобни и побезбедни простори за живеење и работа. А целта е секој дом или деловен простор да добие функционален, модерен и енергетски ефикасен систем, создаден според конкретните потреби на корисникот, истакнуваат од компанијата.

“За Energy Intelligence, учеството на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 претставува одлична можност да ги доближиме современите технологии за автоматизација и енергетска ефикасност до пошироката јавност и професионалната заедница. Повеќе од седум години Energy Intelligence работи на развој и имплементација на современи технички решенија, со реализирани проекти во различни типови станбени, деловни и комерцијални објекти. Како компанија специјализирана за интеграција на напредни технички системи, развиваме и имплементираме комплетни решенија за паметни домови и објекти, автоматизација и управување со објекти, енергетски менаџмент и мониторинг, управување системи за греење и ладење, паметно осветлување, контрола на пристап, видеодомофонија, безбедност и алармни системи, видеонадзор, комуникациска инфраструктура и други интегрирани технологии, изјави Мартин Матески – Управител Energy Intelligence.
Годинава ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 ќе се одржи паралелно со Саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026, создавајќи единствен простор каде енергетиката, технологијата, градежништвото и недвижностите се среќаваат. На едно место посетителите ќе можат да разгледаат понуди, да споредат решенија и директно да разговараат со компании и експерти.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА ќе понуди практичен увид во најновите системи за автоматизација, паметно управување со домот, безбедност, осветлување и контрола на потрошувачката. Посетителите ќе имаат можност да постават прашања, да добијат стручни совети и да изберат решенија соодветни за нов дом, реновирање или деловен објект.
Покрај решенијата за домот, саемот ќе прикаже и нови достигнувања во енергетиката, ИКТ, автоматизацијата, роботиката, машинството и одржливите индустриски практики.
Без разлика дали планирате нов дом, сакате да го модернизирате постојниот простор или барате деловни партнерства, ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 се вистинското место да ги запознаете технологиите што ја градат попаметната и поефикасна иднина.
Посетете ги РЕАЛ ЕКСПО и ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 од 29 до 31 октомври во Т Арената – С.Ц. „Борис Трајковски“ и откријте како паметните технологии и енергетски ефикасните решенија можат да го преобразат вашиот дом.

