Gorenje, водечки европски бренд за апарати за домаќинство со повеќе од седум децении традиција во дизајн и инженерство, ја претставува NEO серијата, нова стратешка платформа на безжични правосмукалки. Дизајнирана за суво и влажно чистење, GorenjeNEO серијата комбинира високи перформанси со минималистички дизајн ориентиран кон корисникот, со цел дополнително да ги поедностави домашните обврски. Со ова лансирање, Gorenje го проширува своето портфолио во категоријата мали апарати за домаќинство, останувајќи верен на својата мисија да создавaа технологија која е интуитивна и лесно достапна за секого.
Современите домови значително се променија. Семејствата водат побрз начин на живот, просторот во домот е сè пофункционален, а свесноста за хигиената никогаш не била поголема. Чистењето повеќе не е активност резервирана за еднаш неделно – денес сеслучува секогаш кога е потребно. Со NEO серијата, Gorenje ја редефинира правосмукалката како паметна алатка што е секогаш подготвена за употреба и лесно се вклопува во секојдневниот живот.
NEO портфолио
За да одговори на различните потреби на корисниците, Gorenje разви комплетно семејство безжични правосмукалки со препознатлив дизајн и додатоци што можат да се комбинираат меѓумоделите.
Сите Gorenje NEO модели за суво чистење располагаат со моќен Inverter Power мотор за енергетски ефикасна и сигурна работа, додека мултициклонската сепарација на прашина и HEPA13 филтрацијата обезбедуваат висок квалитет на воздухот. LED осветлувањето на четките ја открива скриената нечистотија, а Active Brush Bumper ги штити мебелот и ѕидовите. Богатиот сет додатоци овозможува чистење на сите површини – од подови и тапациран мебел до деликатни материјали и тешко достапни агли. Отстранливите батерии обезбедуваат подолго и пофлексибилно користење, додека сензорите за прашина и паметните дисплеи обезбедуваат информации во реално време за состојбата на подот, нивото на батеријата и потребното одржување.
Создадени за современиот начин на живот
Но, надвор од техничките спецификации, Gorenje NEO серијата е олицетворение на филозофијата Life Simplified. Променетите животни навики – од работа од дома и грижа за миленици до зголемена свесност за алергиите – бараат алатки што се приспособуваат на корисниците. Со комплетна палета модели, од премиум до основни решенија, Gorenje има цел да понуди соодветна правосмукалка за секое домаќинство.
NEO серијата има двегодишна гаранција и е достапна на веб-страницата на mk.gorenje.com или преку продажната мрежа на Gorenje.
За Gorenje
Основан во 1950 година и со седиште во Велење, Словенија, Gorenje е еден од водечките европски производители на апарати задомаќинство. Компанијата дизајнира и произведува фрижидери, рерни, машини за перење и мали апарати кои комбинираат современ дизајн со практични функции за секојдневна употреба. Производите на Gorenje се продаваат во повеќе од 90 земји ширум светот, а нивната основна цел е да го поедностават секојдневниот живот преку сигурни и иновативни решенија кои ги отсликуваат европскиот квалитет и вредности.

