Инсајдерот Ice Universe открива дека Samsung Galaxy S27 Ultra носи потопли тонови на фотографиите, подобра контрола на светлите делови и нова технологија за ноќно фотографирање
Раниот увид во следната генерација на премиум паметниот телефон Galaxy S27 Ultra открива дека Samsungподготвува значителен пресврт во начинот на кој неговите уреди ги обработуваат фотографиите.
Според познатиот доверлив извор Ice Universe, новиот Ultra модел носи три клучни промени во алгоритмите за обработка на фотографиите. Како што тврди тој, овие промени директно одговараат на долгогодишните забелешки од корисниците.
Потопли тонови и подобра контрола на светлите детали
Првата и најзабележлива промена се однесува на целокупниот профил на боите. Наместо препознатливите постудени тонови што ги користеа претходните Ultra модели, Galaxy S27 Ultra преминува на забележливо потопла палета. Според описот на изворот, на овој начин фотографиите ќе добијат поприроден и попријатен изглед.

Втората голема промена се однесува на напредната контрола на преекспонираните делови од фотографијата, односно светлите делови на кадарот. Ова подобрување се применува и кај главната камера и кај телефото објективот со 5x зум. Особено доаѓа до израз при фотографирање мали, исклучително светли објекти на далечина, како улично осветлување или оддалечени извори на светлина. Според истиот извор, тие повеќе нема да ги губат деталите во прејако осветлените области.
Galaxy S27 Ultra ќе има почисти ноќни фотографии и нов сензор од 200 MP
Третото подобрување е насочено кон ноќното фотографирање и условите со слаба осветленост. Алгоритмите од новата генерација ќе овозможат помеки и понепречени премини во фотографиите, со значително намалување на дигиталниот шум во темните делови од кадарот. Со тоа, сенките треба да останат почисти и да задржат повеќе препознатливи текстури.
Од хардверски аспект, доверливиот извор наведува дека главната камера ќе го користи новиот Samsung ISOCELL HP6 сензор со резолуција од 200 MP. Станува збор за прилагодена верзија на компаниeвиот HPC сензор, опремена со напредни технологии за подобар динамички опсег.

Истовремено, се потврдуваат и претходните шпекулации за исфрлање на посебниот 3x телефото објектив. Galaxy S27 Ultra ќе има еден сензор помалку на задната страна во споредба со својот претходник, па оптичкиот зум ќе оди директно од главниот сензор кон проверениот 5x перископски телефото модул, преземен од моделот S26 Ultra.
На крајот, се чини дека зумот помеѓу основното и 5x зголемувањето ќе се реализира преку дигитално отсекување на кадарот од 200 MP сензорот.
Официјалната премиера на серијата Galaxy S27 се очекува на почетокот на 2027 година, повторно во еден од американските градови…

