Програмери, студенти, основачи и ентузијасти за вештачка интелигенција во Скопје се запознаа со новите алатки од OpenAI DevDay и преку практична работа ги истражија можностите на Codex
Во просториите на INOVA во Скопје се одржа практичната Hands-on Codex Workshop, која собра developers, студенти, founders, builders и AI ентузијасти заинтересирани за новите можности на вештачката интелигенција. Фокусот беше ставен на идеите и алатките претставени на OpenAI DevDay и нивната практична примена во развојот на современи AI решенија.

Работилницата ја водеше Берат Кјамили, OpenAI Codex Ambassador, кој ги претстави новостите од DevDay и покажа како Codex се користи во практична работа. Учесниците имаа можност да следат демонстрација во живо, да работат на сопствени идеи и да разменат искуства со други членови на локалната tech заедница.

Во фокусот беа:
• Нови идеи, алатки и најави од OpenAI DevDay
• Практична демонстрација на Codex
• Hands-on работа и градење со Codex
• Размена на проекти и идеи
• Поврзување на локални developers, студенти, founders и builders

„Ова беше настан кој навистина носи трансформација, затоа што е практичен и ги става AI алатките директно во рацете на луѓето. Како поддржувач на AI креаторите и локалната AI заедница, за мене е од големо значење да продолжиме да носиме гости и експерти од OpenAI и други глобални AI компании, кои ќе им ги отворат вратите кон нови знаења, можности и алатки на нашите креатори, стартапи и бизниси. Сакам Скопје да биде место каде глобалните AI иновации не само што се следат, туку се користат, тестираат и претвораат во реални идеи и решенија“, изјави Моника Ризовска Таневска, организатор на Hack for Humanity Skopje.

Поддршка за организацијата обезбедија Моника Ризовска Таневска, организатор на Hack for Humanity Skopje, и Дарко Јаневски, AI претприемач и консултант.
DevDay Exchange Community: Skopje се одржа во рамки на Startup Revolution AI Summit и Hack for Humanity, со поддршка од AI Collective.

Ова беше прво издание на DevDay Exchange Community во Скопје, со фокус на практично учење, градење и поврзување на локалната developer и AI заедница.

