Оригиналниот iPod слави 25-ти роденден, а Apple одлучи да го одбележи овој јубилеј со интересно изненадување на својата интернет-страница Apple Music.
Со посета на адресата music.apple.com/us/ipod се отвора целосно функционална дигитална верзија на музичкиот плеер од првата генерација, со препознатливото тркалце за навигација и голем избор кратки 90-секундни извадоци од песни од тој период.
Ова е забавен начин повторно да се доживее еден од најпрепознатливите уреди на Apple на сите времиња. Оригиналниот iPod беше претставен на 23 октомври 2001 година, а во продажба се појави на 10 ноември истата година. Беше достапен во верзии со 5 GB и 10 GB простор за складирање, а со Mac компјутерите се поврзуваше преку шестпинскиот приклучок FireWire 400.

Apple официјално ја укина целата линија iPod во 2022 година, а последниот модел од оваа серија беше iPod touch од седмата генерација.
