Honor започна со пробно производство на батерија со капацитет од 14.000 до 15.000 mAh, а компанијата очекува смартфон опремен со неа да може да издржи до една недела со едно полнење.
Во јуни се појавија информации дека Honor развива смартфон со батерија од 14.000 mAh, која тогаш била во рана фаза на развој.
Според информациите што ги објави Digital Chat Station, станува збор за батериска ќелија со висока енергетска густина, па телефонот, наводно, нема да биде премногу тежок ниту дебел. Пазарното претставување се очекува следната година.

Изворот не открива кој модел ќе ја добие оваа батерија. Технолошкиот портал GSMArena како можни кандидати ги наведува Honor Power3 и Win RT3.
Honor неодамна ги претстави моделите Win RT2 и Win Turbo2 со батерија од 12.070 mAh, што значи дека новата батерија би имала за околу 2.000 до 3.000 mAh поголем капацитет.
