Google кој е во сопственост на компанијата Alphabet ќе ги избрише податоците за локацијата на посетителите на клиниките за абортус поради стравувањата дека дигиталниот отпечаток од прст би можел да ја информира американската полиција за нелегални абортуси, објави гигантот за пребарување на интернет.
Државните закони кои го ограничуваат абортусот стапија на сила откако Врховниот суд на САД минатиот месец пресуди дека абортусите не се повеќе гарантирани со уставот.
Технолошката индустрија е загрижена дека полицијата би можела да добие налози за пристап до историјата на пребарување на клиентите, геолокацијата и други информации што ги откриваат плановите поврзани со бременоста.
Google соопшти дека ќе продолжи да се бори против несоодветните или прекумерните владини барања за пристап до податоци, без конкретно да ги спомене абортусите.
Компанијата вели дека историјата на локација на корисниците е стандардно исклучена.