MacBook Pro со М2 чип во суштина е истиот лаптоп како и неговиот претходник, 13-инчниот MacBook Pro со М1 чип, не само однадвор, туку и одвнатре.
Дизајнот на лаптопот е идентичен, но се чини дека Apple не се потрудил да ја промени добитната комбинација, па само го заменил M1 чипот со новиот M2 чипсет, кој сега овозможува вградување на малку повеќе RAM меморија (поточно, до 24 GB).
Компанијата iFixit го расклопи новиот MacBook Pro на составни делови и покажа дека се работи за исто куќиште, ист дизајн, ист екран, Touch Bar и внатрешен распоред, со неколку дотерувања. На снимката се гледа дека сите кабли, штрафови и други елементи останале исти. Онаму каде што се гледа разликата се нешто почетвртестите агли на топлотните цевки, за разлика од заоблените кои ги видовме на М1 верзијата.
Едно работа која се разликува воопшто не ги израдува корисниците, а тоа е складирањето на основната верзија на лаптопот, кое е побавно во однос на претходната генерација, поради употребата на поинаква SSD конфигурација. За среќа, оваа разлика беше забележана само на најслабата верзија.
Донирање на компоненти
Теоретски, ако имате два лаптопи од различни генерации, можете да ја вклопите матичната плоча од моделот M2 во M1 MacBook Pro. Секако, тимот на iFixit го испроба ова, и се си „легна“ на свое место, но лаптопот не работеше бидејќи тракпадот, тастатурата и Touch ID сензорот престанаа да работат по трансплантацијата, поради софтверската заштита.
Во своето видео, тимот на iFixit вели дека Apple пропуштил можност да обезбеди подобар пристап за поправки и дека процесот е сè уште сложен за повеќето корисници.
Претставниците на Apple на WWDC истакнаа дека 13-инчниот MacBook Pro е нивниот втор најпродаван лаптоп, веднаш зад MacBook Air, чија нова генерација исто така беше претставена на настанот.