Властите на префектурата Кангава јужно од Токио решија оваа година да вработат вештачка интелигенција на својата плажа, која две години беше затворена поради Ковид-19, за да им помогнат на спасувачите и да спречат евентуално давење.
Летно време плажите привлекуваат илјадници посетители кои сакаат да уживаат во морето и во сонцето. За плажите со спасувачи тоа значи многу работа и постојано внимание. Но, што кога на спасувачите во работата ќе им помага вештачка интелигенција?
Во текот на шест месеци научници од Универзитетот Чуо во Токио собирале податоци за морските струи за да можат да направат податочен модел кој ќе користи вештачка интелигенција.
Јапонија уште од 2018 година користи вештачка интелигенција за да собира податоци за морските струи и за ветровите. Ако системот, кој се состои од камери и вештачка интелигенција, открие промени во морската струја или силни удари на ветрот, системот испраќа предупредување до смартфонот или паметниот часовник на спасувачите на должност, но и до семафорите на плажата. На тој начин спасувачите можат да ги алармираат капачите кои се наоѓаат на опасен дел од плажата и да превенираат какви било незгодни ситуации.
Властите на префектурата Кангава јужно од Токио решија оваа година да вработат вештачка интелигенција на својата плажа, која две години беше затворена поради Ковид-19, за да им помогнат на спасувачите и да спречат евентуално давење.
Според податоците на Japan Lifesaving Association, за само две години користење на овој систем во Јапонија спречени се повеќе од 3.300 инциденти поврзани со морските струи и ударите на ветрот.