Познато е дека прекумерната изложеност на сината светлина што ја емитираат LED екраните може да доведе до сериозни здравствени проблеми, а децата се особено чувствителни на таквите ефекти. Научниците од тајванскиот институт NTHU долго време го истражуваат проблемот. Уште во 2015 година, тие ги повикаа купувачите да бидат свесни за опасностите од долго гледање во ваквите дисплеи и побараа да бидат воведени нови правила за безбедна употреба.
Научниците од NTHU развија сопствена методологија за да го измерат влијанието на светлината врз создавањето на мелатонин – еден од главните проблеми со сината светлина. Тестирањето на Patent Pattern може да се врши на било кој екран – од телевизор до паметен телефон.
Неодамна, универзитетските специјалисти тестираа два од најмоќните паметни телефони – iPhone SE со LCD и новиот iPhone 12 Pro со AMOLED дисплеј, за да утврдат каде окото се заморува и оштетува побргу. Кај iPhone SE, излезе дека оштетувањата доаѓаат по 288 секунди, додека кај iPhone 12 Pro за 346 секунди, што значи дека OLED дисплејот е многу подобар за очите од LCD-екранот.
Уште неколку други истражувања го потврдија првичниот наод, па затоа научниците го препорачуваат AMOLED пред LCD, доколку сакате подолго време да ги користите вашите уреди.