Вселенската агенција NASA денеска објави уште фасцинантни слики во боја од далечната вселена.
Националната аеронаутичка и вселенска агенција (NASA) денеска претстави серија фотографии што го откриваат потенцијалот на James Webb, досега најголемата и најмоќна вселенска опсерваторија пуштена во употреба.
Се смета дека напредните технологии со кои е оспособен овој телескоп ќе го променат начинот на кој луѓето ја гледаат вселената.
На настан што започна претпладне во вселенскиот центар „Годард“ во Мериленд, а кој беше пренесуван во живо на Јутјуб каналот на NASA, официјални лица и претставници на агенцијата споделија сцени снимени во првите недели од работата на Web, лансиран во декември.
Опсерваторијата, наместо околу Земјата како претходниот вселенски телескоп „Хабл“, кружи во орбита околу Сонцето на растојание од 1.5 милиони километри од нашата планета.
Четирите слики претставени денеска ја прикажуваа небулата Карина, потоа снимка на четири галаксии наречена Квинтет на Стефан, атмосферски отчитувања од планетата ВАСП-96б која кружи околу далечна ѕвезда и сцена од планетарната небула Јужен Прстен.
Претседателот Џо Бајден во Белата куќа синоќа откри „длабоко поле“ на вселената, претстава од галаксии создадени во време многу поблиско до почетокот на вселената. Вселенскиот телескоп и мисијата се дело на NASA, а учествуваа и Канадската вселенска агенција (KSA), како и Европската вселенска агенција (ESA).