One UI Watch4.5 наскоро ќе биде достапен за уредите Galaxy Watch и со себе носи целосно подобрено искуство на користење на часовникот. Покрај најновата верзија на Wear OS Powered by Samsung (Wear OS 3.5), новиот One UI Watch4.5 обезбедува целосно искуство со внесување текст, полесен начин за повикување и голем број нови интуитивни функции за полесно користење.
Комплетно искуство на користење на часовникот
За да ја олесни интеракцијата со часовникот, One UI Watch4.5 додава комплетна можност за внесување на текст на екранот. Без разлика дали пребарувате или одговарате на пораки и е-маил, можете да ја искористите новата QWERTY тастатура со функцијата „лизгање за внес на текст“, покрај диктирањето и рачно пишување, што ја прави комуникацијата полесна од кога било досега. Наместо да користите само еден метод за внесување на текст, One UI Watch4.5 ви дава опција да го промените во секое време, на пример да започнете да диктирате порака, апотоа да се префрлите на тастатурата во случај да ви треба поголема приватност.
Исто така, повикувањето е полесно со Galaxy Watch благодарение на поддршката за две SIM-картички на One UI Watch4.5. Корисниците можат да постават SIM-картичка по свој избор на нивниот паметен телефон Galaxy и автоматски да ја синхронизираат со нивниот Galaxy Watch. Прегледниот екран секогаш ви покажува која SIM-картичка се користи на часовникот. Ако SIM-картичката е поставена на „секогаш прашувај“ на телефонот, корисниците можат да изберат која SIM-картичка сакаат да ја користат од нивниот Galaxy Watch. Сакате да се јавите без да го откриете вашиот приватен број? Изборот е ваш – SIM1 или SIM2.
Покрај тоа што е средство за комуникација кое е секогаш со вас, Galaxy Watch нуди и прилагодување на изгледот на часовникот за да се вклопи што подобро со вашата гардероба. Уживајте во вашиот омилен часовник во различни стилови со додавање на лице за часовник во вашата омилена листа и приспособувајќи го секој пат со различни бои и позадини. Покрај тоа, омилената листа на позадини на часовникот што ќе ги изберете се зачувуваат за брз пристап, така што не мора да пребарувате низ целата колекција.
Поголема пристапност на Galaxy Watch
Новиот One UI Watch4.5 нуди и корисни функции за пристапност кои им овозможуваат на корисниците да уживаат во целосното искуство на Galaxy Watch.
Корисниците можат да го приспособат екранот со избирање на омилената нијанса и да го зголемат контрастот за полесно читање. Другите функции за визуелна помош вклучуваат намалени ефекти на транспарентност и заматување, како и отстранување на анимации. Исто така, Sound Assist им овозможува на корисниците да го приспособат звукот на левиот и десниот аудио излез за нивните поврзани Bluetooth слушалки.
Оние на кои им е потребна дополнителна поддршка за внесување на допир, може да го продолжат времетраењето на интеракцијата со допир на екранот благодарение на функцијата „траење на допир“, како и да го исклучат повторениот внес на допир со помош на функцијата игнорирај го повторениот допир за подобра контрола.
За дополнителна поддршка, корисниците можат да постават колку време привремените функции (како што се јачината на звукот и известувањата) ќе останат на екранот со функцијата „време за акција“, како и да го постават главното копче да се префрли на најчесто користената функција. На сите опции за пристапност може да се пристапи од лесно пристапно мени, така што не мора да лутате низ поставките за да ги најдете.
QWERTY тастатурата, подобреното искуство за повикување и цела низа опции за пристапност на новиот One UI Watch4.5 им нудат на корисниците целосно искуство во користењето на Galaxy Watch. Galaxy One UI Watch4.5 ќе биде достапен во третиот квартал, а доаѓаат уште нови функции.
Следете ги најновите вести на Samsung Mobile Press.