NASA и руската вселенска агенција Роскосмос потпишале договор за интеграција на летови до Меѓународната вселенска станица, со кој им се овозможува на руските космонаути да летаат во вселенски летала од американско производство, а на американски астронаути да летаат со руските “Сојуз”, објавиле агенциите.
„Договорот е во интерес на Русија и САД и промовира развој на соработката во рамките на програмата на Меѓународната вселенска станица“, објавил Роскосмос во соопштението, додавајќи дека тоа ќе го олесни истражување на вселената во мирољубиви цели“.
Првите интегрирани летови според новиот договор ќе се изведат во септември, соопштила NASA.
Американскиот астронаут Франк Рубио тогаш на вселенската станица ќе тргне од космодромот Бајконур во Казахстан кој е изнајмен од Москва, заедно со двајца космонаути, Серге Прокопјев и Дмитриј Петелин.
Во замена космонаутката Ана Кикина ќе им се приклучи на двајца американски астронаути и јапонски астронаут на летот “SpaceX Crew Dragon” до орбиталната лабораторија, кој ќе тргне од вселенскиот центар на НАСА, Кенеди.