Компанијата Motorola само што го објаво првото видео кое открива како ќе изгледа флексибилниот смартфон, но без потврда на точниот датум на претставување на новиот модел.
Тизер видеото го прикажува преклопниот телефон во црна боја, како и двоен систем на камери на задната страна, заедно со блицот. Можно е и да се забележи и поголем надворешен дисплеј кој овозможува прикажување на најважните нотификации и интеракција со нив, без потреба од отворање на уредот.
Иако Motorola не ги потврди гласините за спецификациите, Razr 3 се очекува да биде покренуван од Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 процесор, како и да пристигне со 6,7-инчен OLED дисплеј од 120Hz и систем со двојна камера од 50 MP на задната страна и преден сензор од 32 MP способен за снимање FullHD видео.
Претходните неофицијални информации говореа дека новиот Razr ќе биде поевтин од претходните модели, како и дека ќе има два екрани, што го открива и самото видео.
Иако Motorola не го објави официјалниот датум за лансирање, доверливиот интернет дојавувач Еван Блас сугерираше дека Razr 3 ќе ја види светлината на денот во јули или август во Кина, а малку подоцна и во остатокот од светот.
Со очигледни промени во дизајнот, подобрени спецификации и значително понапредни камери, новиот Motorola Razr би можел да биде сериозен конкурент на останатите флексибилни модели на пазарот.