Претходно овој месец се појавија информации за боите во кои ќе бидат достапни претстојните смартфони на Samsung – Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4, а сега се објавени нови детали.
Новите смартфони на Samsung кои се преклопуваат се очекуваат во август, а познатиот дојавувач на Twitter, Еван Блас, објави „целосна“ листа на бои и опции за складирање на Fold 4 кои ќе бидат достапни за идните купувачи.
Според Блас, понудата ќе вклучува нова Beige (беж) боја, што е потврда на претходните шпекулации. Опциите за внатрешна меморија на уредот во оваа боја ќе бидат 128, 256 и 512 GB. Тука е и црвената Burugundy на Galaxy Z Fold 4, а клиентите ќе можат да изберат верзија со 256 и 512 GB внатрешна меморија.
Блас потврди дека зелената боја нема целосно да „исчезне“ бидејќи новиот модел ќе има и Gray Green (сивo-зелена) во палетата на бои, достапна со опции за меморија од 128, 256 и 512 GB. Phantom црната боја останува во понудата, а оние кои ќе се одлучат за неа ќе можат да избираат помеѓу уреди со 128, 256 и 512 GB внатрешна меморија.
Според горенаведеното, јасно е дека Fold 4 ќе постои и како модел со 128 GB внатрешна меморија, додека кај претходникот верзијата со „најмалата“ меморија дојде со 256 GB.
Исто така, оваа листа е малку разочарувачка бидејќи не ја вклучува верзијата на телефонот со внатрешна меморија од 1 TB за која претходно се шпекулираше. Може да биде лоша вест и за Z Flip 4 кој беше најавен во верзија со 512 GB внатрешна меморија откако Z Flip 3 понуди 128 и 256 GB.
Сепак, некои се надеваат дека списокот сè уште не е дефинитивно комплетиран и дека Galaxy Z Fold 4 со 1 TB внатрешна меморија би можел да биде достапен барем на одредени пазари или би можел да се појави подоцна. Исто така, се очекува ненаведена верзија на Том Браун.