Samsung традиционално веќе неколку години го одржува својот втор голем настан во текот на летото за да претстави нови премиум производи. Првата половина од годината е резервирана за Galaxy S серијата смартфони, додека втората половина е резервирана за телефони на преклоп, а претходно за Galaxy Note серијата. Осмиот месец е обично е месецот кога ќе се одржи вториот настан за лансирање и се чини дека ќе биде и оваа година, бидејќи вчера протече промотивен материјал за претстојниот настан, откривајќи го датумот на лансирање на новите телефони на преклоп.
Samsung веќе некое време повторува дека фокусот на компанијата е на флексибилните телефони на преклоп, а секоја година се очекува јужнокорејската компанија да носи подобрувања на ова поле. Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4 ќе пристигнат оваа година.
Познатиот дојавувач @evleaks денеска објави фотографија, која изгледа како повеќето од досегашните промотивни фотографии на Samsung и која го открива датумот на претстојниот настан.
Во меѓувреме и компанијата Samsung ги испрати официјалните покани за Unpacked настанот, на кој ќе бидат претставени двата флексибилни уреда, како и сет безжични слушалки. Станува збор за 10 август оваа година, а лани овој настан се одржа на 11 август. На поканите стои и дека ќе се пренесува преку официјалната веб-страница на Samsung и дека настанот ќе почне во 15 часот по средноевропско време.
Во претходните извештаи беше наведено дека Samsung ќе почне да прима преднарачки за овие телефони од 16 август годинава, но имајќи предвид дека презентацијата е закажана за 10 август, се очекува преднарачките да се отворат во исто време како што обично тоа го прави Samsung со своите премиум уреди.