Последните фотографии од Mars Express на Европската вселенска агенција (ЕСА) се фасцинантни, прикажуваат формации на дел од моќен систем кањони на Црвената планета.
Mars Express кружи околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии од големата рамница Утопија Плантиа која се наоѓа внатре во Утопија, најголемиот познат базен на северната хемисфера на Црвената планета која е двојно поголема од пустината Сахара и главно е прекриен со лед.
Но, најновите фотографии се уште поимпресивни и прикажуваат формации кои се дел од моќен систем на кањони. Во споредба со Големиот кањон во САД, тој е многу помала верзија на оној на Марс.
Марсовскиот е долг 4.000 метри, широк 200 метри, а длабок до 7 километри што значи дека е 10 пати подолг, 20 поширок и петпати подлабок од Големиот кањон. Всушност се смета за најголем систем на кањони во Соларниот систем, се верува дека се формирал со раздвојување на тектонски плочи.
На новите фотографии јасно се гледаат два кањона кои се дел од еден систем. Фотографиите со висока резолуција детално ја прикажуваат површината, но само кога се гледа мапата на надморската висина е можно да се сфати колку се длабоки кањоните.
На фотографиите се гледа и песок кој веројатно потекнува од вулканскиот регион Тарсис, планина која се подига до 3.000 метри во висина.