Официјалното претставување на Edge 30 Ultra се очекува со нетрпение, но благодарение на промотивните фотографии кои ги објави Motorola, ништо не е препуштено на имагинацијата.
Motorola Edge 30 Ultra, односно Edge X30 Pro наскоро ќе пристигне на пазарот, а покрај водечките спецификации, го носи и сензорот ISOCELL HP1 од 200 мегапиксели на Samsung, кој треба да им овозможи на корисниците извонредно искуство со мобилна фотографија.
Генералниот менаџер на Motorola China, Чен Џин, објави фотографија направена од Edge 30 Ultra во средината на јули, па заинтересираните може приближно да го видат квалитетот на долгоочекуваниот сензор од 200 MP. Сега се објавени рекламните фотографии од смартфонот, па ништо не е препуштено на имагинацијата.
Имено, ако се суди според рендерите на рекламната содржина, Motorola Edge 30 Ultra има скромен дизајн на камерата, особено ако се земе предвид фактот дека главната камера крие сензор од 200 мегапиксели. Значи, во правоаголниот модул има една голема леќа, под која се поставени две помали.
За потсетување, Edge 30 Ultra наводно доаѓа со Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет поврзан со до 16GB RAM и до 512GB внатрешна меморија, заоблен 6,67-инчен POLED дисплеј од 144Hz и брзо полнење од 125W.
Сензорот од 200 мегапиксели на Samsung може да прикажува фотографии од 12,5 или 50 мегапиксели, преку поврзување со пиксели и неговиот алгоритам за demosaicing, кој се заснова на длабоко учење. Покрај тоа, селфи камерата наводно ќе има и сензор од 60 MP.
Иако овој мобилен уред требаше да биде пуштен во продажба овој месец, настанот е поместен за 2-ри август.